„Дата мастерс“ е првата фирма во државата која го крши ледот за data science и претставива идеја на Дарко Велков и Филип Петровски, кои одлучиле да направат разлика и дигитализацијата да ја внесат на голема врата во Македонија. Пред четири години кога ја основаа ИТ компанијата, заедницата за data science не била развиена. 

Како што раскажува еден од основачите на компанијата и директор за продажба, Дарко Велков, во Македонија тие се изворот за таа тема. 

„Имаше поединци, но, волку сериозен систем како нас нема друг. Брзо, но, напорно искуство. Со млади генерации, но, без сениори во оваа сфера. Самата индустрија во од ги прави луѓето. Многу млади ентузијасти ни даваат поддршка“, објаснува Велков.  

Неговиот бизнис партнер, Филип Петровски во моментот пишува историја. Има 31 година и со сериозни постигнувања позади себе. Во меѓувреме, станал и професор на најдобриот факултет за data science во Лисабон, кој е трет во свет по рангирање. 

И нивните планови сега се врзани за Лисабон  – преку стабилизирање на клиентите таму и нивно континуирано зголемување. Сакаат да постигнат одржлив раст, а да не биде тоа само инвестицја. Нивните очекувања се тоа да биде реална приказна во следните три години, имајќи во предвид дека маркетингот кој го имаат, го сметаат за прилично агресивен. 

Двигател на „Дата мастерс“ 

„Има дијаспора на Македонци кои се успешни надвор, Филип е еден од тие. Ние се запознавме со Филип преку еден проект кој го работеше. Тој ми беше инспирација да навлеземе во темата, а јас стабилност. Има доволно желба да се буткаме постојано и тоа даде голем раст. Тој инсистираше да направиме нешто во Македонија. Му реков ти не си за овде, оди надвор. Ако се вратиш после неколку месеци и ми кажеш да направиме фирма во Македонија ќе направиме фирма. И се врати, се оствари идејата да направиме интернационална компанија во Македонија“. 

Клиенти 

„Кажуваат дека сме доста посветени кон нив, една од главните цели е да го „трчаме маратонот до крај“, проектите од нашата дејност се комплексни кои треба да бидеш фит за тоа што го работиш. Да имаш ментална подготвеност да го издржиш предизвикот на комплексните алгоритми кои ги создаваат. Најчесто клиенти може да ни бидат големи корпорации и тој притисок може да им направи бурнаут на луѓето. На крај ние издржуваме. Имаме тим кој си помага кога е тешко. Во наашта индустрија тоа е предност. Посветени сме додека не завршиме нема застанување“. 

Визија 

„Култура на тимска работа на предавање на знаења и сериозно прифаќање на менторство. Ова е нова индустрија и ако нема колективна лојалност на такво нешто, има его и тогаш настанува проблем. Имаме возрасни луѓше кои учат со најмладите. Желбата за напредок е многу пристутна. Клучна инвестиција ни е кадарот, секој човек кој има некаква компетенција, ние инвестираме во него“.

Предизвици

„Кога ќе се загуби стабилен и добар клиент. Ако некој од вработените на сред проект си замине. Знаењето не е навремено пренесено а проектот мора да продожи. Младите прифаќаат новитети, но одговорноста им е послаба. Еден дел од нив бидејќи имаат добри понуди постајно си дозволуваат да заминат брзо. Во нашата индустрија заминување на сред проект е клучно голем ризик. Тој ризик мора да се превенира брзо“. 

Проекти

„Неколку сектори имаме – телеком сектор кој е прилично развиен, работиме за неколку провајдери сериозно големи брендови, имаме ХР клиенти имаме производство огромни фабрики кои ни се клиенти. Фокусот ни е Португалија бидејќи треба да се развие друг сет на клиенти кои се поврзани со други држави“.

 Како една од поклучните одлуки на „Дата мастерс“ покрај ширењето во Лисабон е и Академијата. Уште првата година, Велков и Петровски донеле оддлука дека градењето на нова индустрија нема друг начин. Мора да се помине потешкиот пат. Велков смета дека добар дел од вработените немаат проблем да комуницираат заради самата академија, бидејќи како тренери полесно комуницираат и со клиентите. Бидејќи, за крај, многу од клиентите создаваат добри релации на тие обуки кои ги имаме.