Здружението на бармени на Македонија по 14. пат го организира Државното првенство на бармени на кое годинава со свои креативни коктели учествуваа 17 бармени од повеќе градови од земјава.

Според организаторот интересно е што годинава се натпреваруваа и многу млади бармени, нови генерации, надеж дека и во иднина ќе продолжат да работат.

Бармените се натпреваруваа  во Open Category во квалификации, па во Speed, tasting and knowledge challenge во полуфинале. По што финалистите се претставија со креативните коктели во финале во категорија Long Drink cocktail.

Сите четворица финалисти, Вања Головски, Дејвид Кузманов, Ванчо Стоајнов, Никола Анастасиевски според пропозициите имаа 10 минути да се претстават со целокупното барменско искуство- вклучувајќи ја и техниката, запазувајќи го моментот  на говорот на телото и приказната позади коктелот. Според жирито најдобро во оваа сфера се претстави Головски, кој го понесе и шампионскиот  пехар. Второто место го освои најмалиот и најнадежен бармен на натпреварот Никола Анастасијески. Трет беше уште еден млад бармен Дејвид Кузманов. 

 Победничкиот коктел „Дебар маало Chronicles“, во суштина е интерпретација на тики варијанта со рум, во која како што вели барменот Головски доминираат состојки од нашите домашни овоштија, круша, костен пире и други домашни состојки...

Иако сѐ уште не се објавени правилата и темата за интернационалниот натпревар во Рим, Головски вели дека коктелот со кој ќе ја претстави Македонија во секој случај треба да го даде вкусот и мирисот на нашето поднебје што ќе биде интересен и привлечен за другите.

 „Едноставно коктел со традиционален домашен вкус што верувам ќе ни донесе и титула,“ верува Головски.

На минатогодишниот натпревар во Куба, нашиот претставник Петар Ставревски се пласира меѓу 15-те полуфиналисти. Инаку досега нашите бармени освоиле и едно второ и двапати трето место