Порано, во „бившата“, кога ретко патот ќе не нанесеше во Бугарија, се смеевме кога на излогот ќе видевме многу убава бањарка, а кога ќе побаравме внатре: „дајте ми од оваа бањарка“, продавачките велеа: „њама, това е само за на излог“! За нас тоа беше несфатливо и смешно, како може еден производ да биде изложен, а да го нема на лагер?  Но сега кај нас, во услови на пазарна економија, има многу полоши работи. На излогот е една стока, но, кога ќе ја добиете, е со друг квалитет, нешто слично на добиените пратки преку интернет, само многу полшо, особено ако за таа стока сте платиле не мала сума пари и вашата рекламација нема ефект кај продавачот.

Во современата економија, да се води фирма, од било која гранка и вид, незамисливо е да се биде лаик во менаџирењето и во продажбата. Такви примери на добро однесување навистина има, а тоа значи дека продавачот ќе ви ги даде сите инфомрации за стоката или производот што сакате да го купите, потоа имате право на рекламација, гаранција ит. За такво однесување се сигурно заслужни образованите раководители на фирмите кои на своите продавачи им даваат упатства дека муштеријата е во паво, дека треба да се негува како капка вода, не да се лаже и да  се мами, туку задоволен да се испрати од дуќанот за после да ни се врати и да раскажува на други дека таму и таму има добра и квалитетна услуга, добра цена, регрутирајќи нови потенцијални муштерии.

Фирама во која сето ова не функционира, односно функционира обратно, е „Декоп компани“ Радовиш, фирма за ископ и обработка на природен декоративен гранитен камен. Се договарате за камен кој подразбира дека треба да биде еднаков во палетата, да има што помалку отпад, зашто ништо не е евтино, плус превозот од Радовиш до Скопје и се што е придружен трошок – патарини, бензин време ит. а добивате еден ред коректни парчиња, а под него „сол“ од која не можете да „замесите никакво тесто“. Се нервирате, губите време, зашто мајсторот ви е најден и пазарен, иако денеска да најдете мајстор за камен е премија на лото, и глеате дека сте измамени. Се јавувате во „Декоп“ - Радоивш, им ја кажувате, состојбата, им праќате слики, како горната, тие се кријат и не ви одговараат.

Ете, тоа се вика антимаркетинг и антименаџмент. Искуството укажува - да не им се верува на палетиите што ќе ви ги прикажат таму и за кои се договарате да ви ги пратат. Загубата е на ваша сметка, ама бламот е на „Декоп“ Радовиш.

Па, повелете ако имате намера да купите од оваа фирма која на својата веб страница има многу убави слики.       

На стараниците на овој портал, „Анотирс“, имаме направено многу интервјуа и пишувано текстови за луѓе што имаат видни дострели во менаџментот за кој имаат добиено сертификати од  познати светски менаџмент-школи, но во овој случај пишуваме за „Декоп“ - Радовиш, како пример за антименаџмент, каков што ретко се среќава во современиве услови за работа. Сите гледаат со својата коректност да продадат и да задржат муштерии, само „Декоп“ - Радовиш остава  на стихијата, да се погоди целата со фрлен камен со затворени очи, па ако погодиме- погодиме, ако не, ќе се скриеме зад ислкучените телефони, па муштеријата нека ја бара правдата преку институциите кои не функционираат. Но, можеби функционираат, ќе се обидме.