Денес е Ден на планетата Земја. Со многубројни кампањи посветени на заштита на животната средина, денеска се одбележува Светскиот ден на планетата Земја.

Во овие кампањи активно учествуваат речиси сите земји низ светот.

Денес е ден на планетата Земја

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Озеленување на градовите


Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја - 22 aприл. По повод Денот на планетата Земја ОН организираат низа манифестации. На тој начин се обидуваат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина. Преку разни акции со озеленување на градовите ширум светот.

Како што се посочува во пораката од свеската организација повеќе од половина од светското население живее во градовите. И бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

ОН во наредните две години организираат кампања „Зелени градови“, што треба да прерасне во глобално движење.

Според, Бан Ки-Мун мора да се стави крај на брзото трошење на ресурсите на нашата планета и поради тоа е неопходно луѓето да го сменат однесувањето.

Според генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нашата цел треба да биде да ги зачуваме природните ресурси кои Земјата ни ги нуди. Многу копнени површини, но и океаните веќе се претворени во депонии.

Да ја завршиме оваа војна против природата


„Ова е самоубиствено. Мора да ја завршиме оваа војна против природата и да ѝ помогнеме да закрепне“, вели тој во годинашното обраќање по повод овој ден.

„Закрепнувањето од ковид-19 пандемијата е одлична шанса да го направиме тоа и за Мајката Земја“, додава Гутереш.

Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април. Целта на овој ден е да ги истакне и да им даде важност на еколошките проблеми. Проблеми со кои се соочуваме, од климатската криза, преку загадувањето на околината и воздухот, па сѐ уништувањето на шумите.

И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени, нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата.

Промената секогаш може да почне од нас. Наместо пластични амбалажи за една употреба, можеме да инвестираме во реупотребливи. Потоа, ќесите од маркети може да се заменат со торби. Додека рециклирањето на стакло, пластика и хартија се начин да се даде нов живот на она што веќе е „неупотребливо“.

Почнувајќи од себе, даваме мал, но сепак премногу значаен придонес во спас на природните ресурси, растенијата, животните, но и на човештвото генерално.

Во Македонија Светскиот ден на планетата Земја ќе се одбележи со хуманитарна акција под мотото „Од децата за децата“. Оваа акција ја организира Регионалниот центар за животна средина. А ке има и ликовен хепенинг кој го организира Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.