– Идејата за асоцијацијата потекнува од една глобална иницијатива којашто е започната одамна, а таа е транзиција на производителите на електрична енергија од фосилни, односно загадувачи, кон незагадувачи. Таа иницијатива води до обезбедување и финансирање на самата транзиција, односно финансирање на проекти коишто би биле поврзани со обновливи извори на енергија. Одејќи по таа иницијатива, Македонија  направи промена во сопствениот процес  на усогласување на производството на електричната енергија  и овозможување на инвеститорите да инвестираат во постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори, вели  претседателот на здружението Слободан Поповски, претседател на МАРЕС.

 Таа иницијатива, како што објасни Поповски датира од поодамна, уште со финансирање на малите хидроцентрали, кои повеќе не се во фокус и преминува на производство на сончева енергија, за што се разви и дополнителна стратегија како на пример, правци на инвестиција во водород, во складирање во правење големи  хидро капацитети. Практично врз основа на тоа  е оформена и Програма за производство на електрична енергија од обновливи извори која се менува во согласност со одлуката на владата и врз основа на неа почнуваат да се јавуваат големи енергетски проекти.

 -Всушност врз основа на таа иницијатива во Македонија се појавија локални и интернационални инвеститори, кои сами или во комбинација едни со други почнаа да ги развиваат проектите  и практично потенцијалот за самата енергетска транзиција се зголеми и тоа енормно. На пример, се бараат приклучоци за преку  2000 мегавати капацитети за производство на електрична енергија на целата мрежа во Републиката. Практично врз основа на таа  иницијатива  се создаде една друга, сите инвеститори да се организираат меѓу себе во асоцијација за да можат своите идеи, предлози и соработка за развој на идејата за транзиција, за промена на  енергетскиот биланс да го канализираат. Асоцијата е формирана летово од  осум  основачи од најголемите инвеститори и капацитети за производство на е.е  од обновливи извори.

Поповски вели дека  Македонија има предност што има неограничени ресурси , но и недостатоци што иако има  ресурси околу 70 проценти од енергетските капацитети за  производство на енергијата се на јаглен .

Во моментов нашата држава располага со производен капацитет на инсталираност – потенцијал  со три блока од 220 мегавати во Битола еден од 120 во Осломеј, ТЕ-ТО -257 мегавати од кои на гас се 170;  два генератори по 90 мегавати во Неготино, и сето тоа треба да се замени со обновливи извори на енергија. Меѓутоа, еден мегават на јаглен не е еквивалент на еден мегават од други извори . Значи проценката е тие да бидат исклучени до 2030 година како што е предвидено и со владината стратегија за што треба да се инсталираат капацитети за четири пати повеќе, во зависност од ефективноста на инсталираните капацитети во обновливи извори, што  не е постојано. А, од друга страна значи адекватно производство и складирање. Паралелно се наметнува и прашањето, дали во моментов произведеното количество може да биде прифатено од  постојната енергетска мрежа.

 Од асоцијацијата велат дека во моментов има разни студии како оваа  енергија од обновливите извори ќе се пренесе до потрошувачите . „Самото подигнување на нивото на преносната и дистрибутивната мрежа  може да се случи преку вкупната инвестициска вредност на приватниот  сектор“, објаснува Поповски. За што се потребни програми, проценки, резервации ...   

„Основачите се посветени и настојуваат да заживее  асоцијацијата која ќе работи во интерес на сите заинтересирани страни. Стратешки правец по кој ќе се води и нашава држава на привлекување на странски инвеститори. Да се помогнат процесите да бидат поприемчиви за инвеститорите. Токму затоа и оваа конференција на која покрај најавата кои сме, сакаме да ја отвориме врата за сите заинтересирани“, вели  Виолета Николова, генерален секретар на МАРЕС.

Инаку, конференцијата е поделена на неколку тематски целини, а како говорници ќе се појават инвеститори, владини претставници, меѓународни финансиери и претставници од банкарскиот сектор. Прво ќе се говори за стратегијата, за можности за зелена енергија за што се поканети претставници  од ресорното министерство и клучни институции за таа стратегија. Потоа, доаѓа дискусија околу  енергетскиот пристап на пазарот, аукции за откуоп, организирање на пазарите на која ќе има интересни соговорници од македонската, но и од српската берза, производители, трговци со енергија и купувачи. Следниот панел е посветен на крвотокот во системот,  МЕПСО – каде се опфатени точките во кои ќе се дискутира за МЕПСО  како проблем или решение. Јавноста, особено стручната фела треба да слушне за можноста за финансирање, а тоа е дека Македонија  преку  глобалната иницијатива добива огромни средства со кои може да се финансираат дури и во габерит од 300-400 мегаватни капацитети по поволни услови, а ќе бидат дискутирани и моделите. Верувам дека ќе произлезат и заклучоци за заеднички правци по кои ќе се постапува во иднина, заклучија од асоцијацијата.

Според експертот за инвестициска клима и управување во Европската банка за обнова и развој, Ендрита Џаферај, зазеленување на економијата е една од стратешките цели на ЕБОР.

 – Транзицијата кон зелена енергија е важна за целиот регион, но особено за Северна Македонија, бидејќи тука има промена од јаглен кон обновливи извори на енергија, нагласи таа.