Денес, во 18:00 часот, „Скопје Сити Мол“ ќе ве пречека со поезија! Отворањето ќе го води, во импозантен поетски декор, нашиот познат актер, првенецот на МНТ, Никола Ристановски кој ќе ги преточи во глас стиховите испишани од нашите врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи за Шопов и Рацин.

ли мугри“ од 

Осумдесет и пет години по „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години по „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија – „Скопје Сити Мол“ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ го прославуваат со најшироката публика Светскиот ден на поезијата, 21 март, оддавајќи им почит на нашите класици Кочо Рацин, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ. За нив ќе говори Весна Мојсова-Чепишевска, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ во „Скопје Сити Мол”, ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски.

Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“, по свеченото отворање, посетителите ги  очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс”, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.

 Преку ликот на Ацо Шопов, „Деновите на поезијата“ во „Скопје Сити Мол“ ги соединуваат сите генерации македонски поети, сè до најмладите.