Не е новост дека Јапонците најдобро знаат како да започнат и одржуваат бизнис. На списокот на „најстарите компании во светот“ има дури и неколку јапонски кои постојат илјада или повеќе години.

Компаниите кои со стотици години се спротивставуваат на времето и на се она што тоа го носи – кризи, мали и големи војни, верски и политички предизвици, поплави, земјотреси и пандемии – имаат еден заеднички белег - главно се семејни бизниси кои не „играат“ со квалитетот.

Како работат најстарите компании

Доколку денес нарачате ѕвонче од италијанската компанија Маринели, која е основана во 1040 година, ќе добиете примерок изработен од метал со техника која се користи од самиот почеток на производството. А, што се однесува до Јапонците и нивните деловни тајни за долговечност, тие се кријат во принципот „добро за секого“. Договорот не е добар ако е добар само за едната страна. Договорот мора да биде добар за сите три страни - продавачот, купувачот и целата заедница (санпо јоши).

Традиционално, јапонските трговци се препознатливи со лекови и текстил (оми шонин) кои патувале и продавале стоки на почетокот на 17 век. Довербата ја добивале само доколку дел од приходот го оставале на местото каде што тргувале. Тој дел одел во каса за изградба на мостови и училишта.

Многу важен и заеднички за најстарите компании кои преживеале вековни предизвици е принципот на штедење и „што помалку ризикување со капиталот“, како што пишува холандскиот историчар Ari de Geus. „Овие принципи најстарите компании ги довеле во позиција да имаат пари за вложување, за прифаќање нови деловни можности без да бараат финансиска помош од трета страна“, пишува Geus во своето истражување.

Најстари компании

Меѓу 10 –те најстари компании во светот, прва на листата е јапонската „Конго Гуми“, создадена сто години по падот на Римската империја, која технички, за жал, повеќе не постои. Не успеала да се справи со кредитите и била купена од компанијата „ Takamatsu “ пред 15 години. „Конго Гуми“ била градежна фирма специјализирана за изградба на храмови.

Втората, исто така јапонска, е основан во 771 година и е специјализирана за производство на хартиени производи - од пликови, покани до украсни хартии и декорации. Тоа е „Genda Shigyo“, позната компанија која ја чува јапонската традиција.

Австрискиот ресторан St. Peter Stifts Kulinarium во Салцбург, основан во 803 година, ги преживеал сите овие векови. Тие не вршат достава, како што вели Google, па можно е овој стар ресторан да заработил некои негативни поени според современите правила.

Германската винарија Staffelter Hof е угостителски павилјон. Основана е во 862 година и се простира на седум хектари лозови насади.

Во истиот период биле основани и две ковачницина на монети  (Monnaie de Paris и The Royal Mint). Тие и денес работат како најстари државни фирми. Од своето постоење, Monnaie de Paris има отпечатено неколку различни валути, вклучувајќи го францускиот франк и еврото.

Интересно е што и еден паб се најде на листата на најстари фирми. Sean’s Bar , кој сè уште е отворен и работи во Атлон, Ирска. Основан е во 900 година и има производство на оригинално виски.

Горенаведениот италијански бизнис за производство на ѕвона Marinelli започнал во 1040 година.

Nakamura Šaji е уште една јапонска градежна компанија која работи од 970 година. Моментално е најстарата градежна компанија во светот специјализирана за дрвени конструкции.

Од 1074 година, белгиската пиварница Affligem произведува пиво по стар средновековен рецепт. Приказната за основањето се враќа во времето на витезите и тешкиот живот во средниот век кога водата за пиење била со слаб квалитет. Така шесте витези, уморни од брзиот живот, се замонашиле и почнале да ја преработуваат лошата вода во пијалок. Роден е Афлигем, кој се уште се наоѓа на околу 20 километри од Брисел.

Данската воденичарска мелница Munke Molle и денес произведува леб и пецива. Основана во 1135 година, таа го преживеа владеењето на 38 кралеви и е најстарата компанија со која Данците можат да се пофалат.