Десетте најпродавани автомобили во Европа во јуни. Според податоците објавени од JATO Dynamics за 26 европски пазари, во јуни се регистрирани 1.268.683 нови патнички возила во Европа. Тоа претставува зголемување од 13 отсто во споредба со јуни 2020 година. Меѓутоа, покрај повисоката продажба, стапката на закрепнување на пазарот значително забави кога се зема предвид растот што беше постигнат од март до мај годинава.

Десетте најпродавани автомобили во Европа во јуни

Речиси 1,27 милиони продадени возила во јуни претставуваат значително помал број во споредба со 2019 година, кога во истиот месец беа продадени 1,47 милиони автомобили.

Според експертите од JATO Dynamics, условите на пазарот не се идеални и целосното закрепнување е далеку, и се уште е неизвесно дали бројот на продадени автомобили повторно ќе достигне ниво од пред пандемијата.

Ако се погледнете вкупната продажба во првите шест месеци од оваа година, се забележува раст од 27 отсто во споредба со 2020 година. Меѓутоа тоа е за 23 отсто помала продажба во споредба со 2019 година.

Најпродавани модели во класата електрифицирани

Електричните автомобили и хибридите со плуг-ин забележаа значителен раст и сега сочинуваат дури 18,5 проценти од сите продадени автомобили. За споредба, минатата година тие учествуваа со само 8,2 отсто на пазарот.

Во однос на продадените модели, Volkswagen Golf продолжува да доминира со 27.247 продадени примероци во јуни, со пазарно учество од 2,15 отсто.

На второ место е „Тесла Модел 3“ со 25.697 продадени примероци. Овој електричен автомобил беше најпродаван во Австрија, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство. Растот на продажбата на овој модел е импресивен, поточно 129 отсто во споредба со 2019 година и дури 262 отсто повеќе од бројките од јуни минатата година.

На високото трето место е „Дачија Сандеро“, чија нова генерација значително придонесе за популаризација на овој модел низ цела Европа.

Меѓу првите пет се уште два градски модели, „Рено Клио“ и „Фиат 500“.

„Тојота Јарис“ е шести најпродаван модел, а овој модел од јапонскиот производител забележа поголема продажба во споредба со периодот пред пандемијата.

Следен на листата е „Фолксваген Т-рок“, а со само неколку стотици примероци помалку, „Опел Корса“ е на осмото место.

„Рено Каптур“ забележа пад на продажбата во споредба со минатата година, но сепак се наоѓа во 10-те најпродавани модели, а последниот автомобил на оваа листа е „Фолксваген Поло“.