Американскиот долар генерално се смета за најмоќната валута во светот. Таа е валута со најмногу тргување на глобалната сцена.

Меѓутоа - можеби изненадувачки - доларот не е најсилниот од 180-те традиционални фиат валути кои се признати како законско средство за плаќање низ целиот свет. Фиат валутата претставува пара чија вредност не е поврзана со физичка стока како злато или сребро.

Другите валути се посилни бидејќи вредат повеќе од еден долар. Форбс ги издвои 10-те најсилни валути во светот, врз основа на нивната релативна вредност во однос на американскиот долар.

Со странските валути- девизи се тргува во парови: на пример купувате американски долари за британски фунти. Како резултат на тоа, цената на една валута е секогаш во однос на друга валута, и оваа цена е позната како девизен курс.

Повеќето валути се „лебдечки“, што значи дека нивната вредност варира врз основа на понудата и побарувачката. Меѓутоа, некои валути се „врзани“, што значи дека нивната вредност во однос на друга валута, како што е доларот, е фиксирана по договорена стапка.

Девизните курсеви влијаат на цената на стоките и услугите во странска валута.

Кога доларот зајакнува во однос на британската фунта, американските патници можат да добијат повеќе фунти за своите долари и во суштина можат да постигнат поевтин одмор во Лондон. Но, за луѓето од ОК станува поскапо да ги посетат САД, бидејќи за своите фунти ќе купат помалку долари.

Девизните курсеви создаваат можности за инвеститорите кои сакаат да заработат од тргување со странски валути. Форбс објави водич којшто ги објаснува основите на движењата на девизните средства.

 

Десет најсилни валути 

 

1. Кувајтски динар (KWD)

Кувајтскиот динар е најсилната валута во светот- еден динар за 3,26 долари, односно, еден долар чини 0,31 кувајтски динари.

Кувајт се наоѓа во Персискиот Залив меѓу Саудиска Арабија и Ирак. Земјата голем дел од своето богатство го заработува како водечки светски извозник на нафта. Кувајтскиот динар беше воведен во 1960-тите и првично беше врзан за британската фунта, а потоа повторно врзан за кошница со валути. 

2. Бахреински динар (BHD)

Бахреинскиот динар е втората најсилна валута во светот, еден динар чини 2,65 долари (или еден долар е 0,38 бахреински динари).

Бахреин е островска држава во Персискиот Залив во близина на источниот брег на Саудиска Арабија. Како Кувајт, земјата голем дел од своето богатство го заработува од извозот на нафта и гас. Бахреинскиот динар влезе во оптек во 1965 година и е врзан за доларот.

3. Омански риал (OMR)

Оманскиот риал е третата најсилна валута во светот- еден риал за 2,60 долари (или еден долар е еднакво на 0,38 омански риал).

Оман се наоѓа помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Јемен на источниот врв на Арапскиот Полуостров. Исто како своите богати соседи, Оман е главен извозник на нафта и гас. Оманскиот риал беше воведен во 1970-тите и е поврзан со доларот. 

4. Јордански динар (JOD)

Јорданскиот динар е четврта најсилна валута во светот, со еден динар за 1,41 долари (или еден долар е 0,71 јордански динар).

Јордан е земја на Блискиот Исток која во голема мера е без излез на море и помалку зависи од извозот на нафта и гас од другите земји во регионот. Се бореше со бавен економски раст и зголемен долг. Јорданскиот динар стапил во оптек во 1950 година и е врзан за доларот. 

5. Британска фунта (GBP)

Британската фунта е петта најсилна валута во светот, со една фунта за 1,22 долари (или еден долар е еднакво на 0,82 британски фунти).

Британската економија е шеста по големина во светот според БДП, според Светската банка. Фунтата првпат била воведена во 1400-тите и не е поврзана со други валути. 

6. Долар на Кајмански Острови (KYD)

Доларот на Кајманските острови се изедначува за шестото место меѓу најсилните валути во светот, при што еден кајмански долар чини 1,20 долари (или еден долар е 0,83 долари од Кајмански острови).

Кајманските Острови се британска територија на Карибите и офшор финансиски центар. Доларот на Кајманските Острови првпат беше воведен во 1970-тите и е врзан за американскиот долар. 

7. Гибралтарска фунта (GIP)

Гибралтарската фунта го дели седмото место меѓу најсилните валути во светот, со една фунта за 1,22 долари (или еден долар е еднакво на 0,82 гибралтарски фунти).

Гибралтар зафаќа само 2,6 квадратни милји на јужниот дел на Шпанија и официјално е британска територија. Гибралтарската фунта првпат беше воведена во 1920-тите и е поврзана со британската фунта (со паритет, што значи дека еден GIP е еднаков на еден GBP). 

8. Швајцарски франк (CHF)

 Швајцарскиот франк е изедначен на осмото место меѓу најсилните валути во светот, со еден франк за 1,08 долари (или еден долар е 0,92 швајцарски франци).

 Швајцарскиот франк, официјално е законско средство за плаќање на Швајцарија и Лихтенштајн, а валутата се смета за безбедно засолниште поради политичката стабилност на Швајцарија. Фанакот беше претставен во 1850 година, а подоцна беше накратко врзан за еврото. 

9. Евро (ЕУР)

Еврото е  деветтата валута меѓу најсилните валути во светот, со едно евро за 1,08 долари (или еден долар е 0,93 евра).

Еврото е официјална валута на 20 од 27 земји кои ја сочинуваат Европската унија. Евро монетите и банкнотите влегоа во оптек во 2002 година. 

10. Американски долар (УСД)

Американскиот долар е 10-та најсилна валута во светот.

Тој е создаден во 1700-тите години и е законско средство за плаќање во САД и нејзините територии, вклучувајќи го и Порторико, и други суверени нации, како Еквадор и Зимбабве.

САД се најголемата светска економија според БДП, а доларот е најтргуваната глобална валута.

Доларот е исто така најголемата резервна валута во светот, т.е. валутата која најмногу се чува во централните банки. Исто така доларот се користи како основна валута за одредување на цените на многу стоки, вклучувајќи нафта, злато и бакар.