Digital Den Hub испраќа десет балкански стартапи во Америка. Digital Den инкубатор ќе ја реализира својата прва стартап турнеја во Соединетите Американски Држави до 26 февруари.

Првата група што патува во Америка ја сочинуваат десет стартапи од Црна Гора, Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Digital Den Hub е домаќин на најдобрите иноватори од Западен Балкан кои ќе имаат можност да ги претстават своите идеи пред инвеститори, инкубатори, инвеститори ангели, фондови за ризичен капитал, универзитети и големи компании во Америка.

Тоа е економски и технолошки мост меѓу Црна Гора, регионот и САД во областа на иновациите, претприемништвото во ИТ секторот.

Станува збор за црногорскиот Badger, кој претставува уред што внесува револуција во конференциската индустрија, забрзувајќи го деловното вмрежување и развивајќи нови начини на лично и корпоративно брендирање. И Flourish, кој преставува асистент за развој на емоционалната интелигенција, којшто им помага на поединците преку паметна и временски ефикасна апликација, како и на компаниите, за постигнување цели и подобрување на перформансите во различни области.

Црногорскиот Go Plant Me исто така патува во Америка, која е платформа која претставува слободен и децентрализиран пазар на  карбонски кредити.

Црногорските стартапи кои ќе бидат претставени се Ivmax, кој е комбинација на механичка четка за заби и паста за заби, или четка и паста за заби во едно, Final Find кој им помага на туристите лесно да лоцираат и да најдат резервирано сместување и може да се интегрира како додаток со водечки светски сајтови за изнајмување сместувачки капацитети, како што се Airbnb, Booking.com и Expedia, како и Uhura, која е платформа базирана на вештачка интелигенција (AI), а која ги чита и разбира договорите на начин сличен на човекот.

Ќе се претстават и стартапи од Србија, Dr. Knight, кој е нов, целосно „зелен“ полимерен материјал кој им помага на луѓето да спречат  фарбање на алишта додека се перат, како и Клик, кој е ефикасен, инклузивен и безбеден екосистем за дигитално плаќање кој поддржува различни потреби и можности на поединци и бизниси, преку прилагодена домашна технологија и преку интеграција со трети страни.

Стартапот од Северна Македонија кој ќе се претстави е Solar Data Collector, кој креира напредни решенија, дозволува следење, оптимизација и проактивно управување со излезните вредности на фотоволтаичниот систем.

Од Босна и Херцеговина ќе биде претставен стартапот Портал кој е решение со проширена реалност за паметен туризам, кое ви овозможува да ја видите и почувствувате историјата на местото што го посетувате.

Делегацијата ќе ги посети градовите Феникс, Денвер, Портланд и Њујорк за да ги презентираат своите иновативни идеи пред потенцијалните инвеститори. Проектот се спроведува со поддршка на партнерите на Digital Den - Стејт департментот и U.S. Амбасада во Подгорица.