Генерално, дигитализацијата е процес кој се случува активно во последните 30 години. Најзабрзано, во последните 10 години. Тоа е појава каде користејќи ги сите технолошки иновации, всушност, правиме трансформација на сите процеси со кои функционираме во секојдневното живеење. Особено во корпоративниот свет и деловното работење, каде со технологијата правиме трансформација на тие процеси во поефикасни и поефективни. Со тоа, компаниите се фокусираат на освојување на пазарите на побрз начин, бидејќи претходно не постоеја тие технолошки решенија.
Во последните 20 години се појавија технолошки решенија во делот на софтвери кои помагаат да се направи што подобра дигитализација на процесите во корпоративното работење, вели Иван Стаменов, коосновач и извршен директор на компанијата „MOTION“ кој има долгогодишна професионална позадина во развивач на софтвери во претприемништвото веќе една деценија. Според него, она што денеска значи да се има компанија е сосема нешто друго пред 30 години.
„Денешните компании се фокусираат да го опфатат пазарот од интерес. Денеска е важно кој побрзо ќе дојде до информациите и поефективно ќе обезбеди пласман на пазарот пред другите. Веќе не е доволно само да си само голем и моќен, туку со какви алатки располагаш за да дојдеш до одредена информација пред другите. Големината на компанијата во делот на вработени и опсех на пазарот не игра улога. Поголем акцент се става на тоа какви дигитални ресурси компанијата располага“, вели Стаменов.

Постојат повеќе категории алатки кои овозможуваат компаниите да бидат дигитализирани. Во прва категорија спаѓаат ЕРП системите за управување со ресурси во компаниите. Без оглед дали компанијата работи на продукт, дали развива софтверско решение и без разлика на природата на работата. Постојат мноштво кои се достапни, но, несомнено потребата е неминовна. ЕРП системите се алатка за материјално финансиско работење која овозможува соодветно следење на тоа како се движи перформансот на тоа што го продавате во рамки на компанијата. Овие системи овозможуваат да знаете во секој момент што и на кому сте му продале, во колкава количина го продавате, кои се продажните пикови, што може треба да смените кај одреден производ, да таргетирате соодветни купувачи.
„Кога ја основавме компанијата, една година претходно потрошивме на истражување на темата дигитализација на процеси. Целта беше да ги обезбедиме сите потребни алатки за да ги пласираме нашите услуги во глобалниот пазар и да имаме готов сетап дома. Односно, за да не губиме време на дополнителна дигитализација на процесите отпосле, бидејќи бара време и адаптација. Работиме како дигитална агенција и дигитален маркетинг. Земавме веќе основна база врз која градевме решение. Направивме превод на македонски јазик и го адаптиравме системот согласно националата легистлатива на материјално финансиско рабоетње. Самата работа ја започнавме со наш систем, кој ни овозможува истовремено да ги следење нашите услуги кои излегуваат од компанијата“, раскажа Стаменов.

Системот следи кои се клиентите, во кои периоди се продажните пикови, разработува податоци на која група на клиенти треба да се фокусираат на продажба на едни услуги, додека кај друга група – поинакви производи.
„Целиот процес го автоматизиравме и ни го олесни административното работење. Ако започнувате сопствен бизнис, осигурајте се дека користете соодветен ЕРП систем. Ги има многу. еЕдни се повеќе прилагодени на услужни дејности, други продажба на продукти. Направете истражување каков софтвер ви треба. Не е само идејата да вложите во систем, а да не знаете за што ви треба“, советува Стаменов.