БИМ технологијата се разликува од стандардното проектирање во градежниот сектор и водењето на проектите. Тоа е технологија базирана на дигитални алатки, со кои може да се проектираат објекти кои се 3Д и содржат многу податоци. Оваа технологија се труди поверодостојно да го опише моделот што треба да се изгради за подоцна да стане реалност. Но, за разлика од 3Д апликациите, БИМ алатките ги користат инфорамциите кои се складирани во нив. Во однос на разликите од традиционалната работа со компјутерски дизајн, тука објектот се гледа во 3Д дизајн. А на проектантите им е оставена поголема контрола да си ги согледаат грешките и да се добие подобар квалитет. Технологијата на заминување КАД, не може во таа мера да одговори на овие барања. 

 

Intelligent Network Solutions“ е македонска компанија која работи на развој на БИМ софтвери за иновативни решенија. Ко-сопственикот и менаџер на софтверската компанија, Газменд Ајруловски, вели дека развиваат централизирана веб - платформа за менаџмент на БИМ модели. Како и сите процеси врзани за нив, без разлика дали се работи за проверка на квалитет на модели или законски регулативи при градење. Во суштина, тоа е софтверско решение кое адресира неколку проблеми при анализата која ја направивиле на пазарот. Ајруловски за најголемо достигнување го смета проектот за направен за Дубаи - платформа за проверка на 3Д БИМ модели кои градот ги користи за проверка на квалитетот на градба и за одобрување за издавање на дозволите за градба. 

 

„Пред 3 години, партнертите во Обединетите Арапски Емирати, каде имаме компанија со која соработуваме на тамошниот пазар, не’ праша дали може да одговориме на јавен повик за изработка на софтвер. Ни пратија документи во кој повикот е опишан. Повикот не беше голем. Не знаевме точно дали можеме да одговориме. Направивме решение анализа на пазарот. За среќа, веќе имавме канцеларија отворено во Абу Даби и се распрашавме низ круговите на професионалците кои работат на 3Д модели и во владините институции во Дубаи. Видовме куп проблеми, седум или осум клучни точки кои не се решени во моменталниот процеси. И тоа го адресиравме. Имаме мисија дека решаваме проблеми, затоа и аплициравме“, вели Ајруловски.

Поставиле дизајн во кој адресирале многу аспекти. Добар почеток за нив било тоа што во Дубаи целиот слој на производство на 3Д модели е доста добро покриен. Бидејќи имаат голем број експерти кои користат БИМ технологии.

„Архитктите работат со тоа што го знаат. Првото нешто што го решивме во Дубаи со нашиот софтвер е стандардизација на формати. Се потпревме на отворен БИМ стандард кој диктира некаков процес на моделирање и развој, унифициран преку целиот спектар на софтвери. Со тоа ги спастривме архитектите кои произведуваат податоци. Потоа почнавме со решавање на проблеми во самиот Дубаи. Откако архитект ќе прати БИМ модел за проверка во општина, одредена компанија која сака нешто да гради прво аплицира за градежна дозвола. Се проверуваат документи, сопственост, дозволи и на крај се проверува и 3Д модел на објектот што се сака да се гради на терен“, објаснува Ајруловски.

На попластичен начин, еве како тој го објаснува функционирањето во пракса.

„Замислете да се гради 60 катница во Дубаи. Три ката трговски центар, канцеларии, станови… За да ви врати назад одговор некој вработен во Дубаи, треба рачно да ги провери дали тие стандарди се задоволени. Зборуваме за едни тимови кои проверуваат само една зграда за да кажат дека правилата за градење се задоволени. А тие правила се сместени во книга од 400 страници. Зборуваме за огромно множество на правила, некои поедноставни, некои покомплексни. Кога ние почнавме со развој, градот имал механизам за проверка, но тоа го правеле со месеци, трошеле пари за плати и вработени. Секоја проверка од тој формат, била под притисоци од инвеститори и градот“, вели Ајруловски.

 

Сега, со иновативното решение на компанијата, тоа се сведува на 2 минути и три кликови. Ако архитектот направи 3Д модел, компанијата има механизми преку кои се проверува квалитет на моделот. Се случува архитектот да направи грешка, на пример вратата да дизајнирана да влезе пола во ѕид или прозорите да не бидат поставени како треба. Тогаш, компанијата ги проверува правилата за квалитет на дизајнот, кои се битни за квалитетно живеење на граѓаните. Од друга страна, како што посочува Ајруловски, на ако зградата нема пристапна рамка за лица со попреченост, веднаш се одбива моделот.

„Неколку држави се понапредни, некои се на самиот почеток со спроведување на БИМ технологиите. Англија и САД се добро етаблирани за БИМ решенија, ЕУ сега се разбудува. Постојат решенија кои се фокусирани најмногу на БИМ модели. Единствен град кој бил пред Дубаи со имплементација на вакво решение е Сингапур. Ние сме ИТ компанија и нашиот пристап е таков што сакаме решенијата кои ги правиме, да бидат повторно употребени и да завршат работа на некој друг. Сите планови за развој се вртат околу тој концепт. Може истата платформа може да се примени на друг град, рече Ајруловски, кој беше имаше свое обраќање во рамките на тридневната конференција „Skills4FutureWeek“.

Инаку, „Intelligent Network Solutions“ во моментов има четири свои канцеларии меѓу кои домашната во Скопје, Абу Даби, Виена и Сиднеј.