Законот за правни норми за воведување на дигиталната рубља и создавање на соодветна електронска платформа е потпишан од рускиот претседател, Владимир Путин. Станува збор за дополнителен обик на руската национална валута. Така руската рубља ќе има три облика: готовински, безготовински и дигитален.

Трансакциите во новиот монетарен формат ќе се обавуват со помош на платформи чиј оператор ќе биде Банката на Русија, но нема да може да се користи за штедење и за добивање кредити.
Документот предвидува можност за пренос на правата на дигиталната рубља, исто така преку тестамент, а таа процедура ќе ја утврди Владата на Русија во договор со Банката на Русија.
Операторот на платформата, Руската централна банка, ќе има право да обработува лични податоци. Планирано е оваа услуга да биде бесплатна за физички лица, додека правните лица ќе плаќаат 0,3 отсто од вкупната вредност на трансакцијата.
Според овој закон, терминот „девизи“ во иднина ќе ги вклучува и валутите на странски држави во дигитална форма. Главните одредби од законот стапуваат во сила на 1 август 2023 година.
Разлики меѓу дигиталната рубља и криптовалутите
Дигиталната рубља е третиот облик на руската валута. Секоја дигитална рубља има свој единствен код. Таа може да се користи како обичните пари: за плаќање на производи и услуги, за извршување на парични трансфери и за штедење ( но, не се пресметува камата на тековната состојба).
За разлика од криптовалутите кои немаат централна власт и се произведуваат со рударење, електронската рубља се издава и контролира од Централната руска банка. Исто така Централната банка може да се меша во формирањето на курсот на дигиталната рубља, за разлика од вредноста на криптовалутата која зависи од балансоот на понуда и побарувачка.
Криптовалутата е поддржана од интересот на заедницата која ја користи, додека електронската рубља е поддржана со златни и девизни резерви. Криптото во повеќето земји не е законско средство за плаќање, додека со оваа руска електронска валута ќе може да се плаќа и во други земји.
Дигитален паричник
Дигиталните рубли ќе се чуваат во дигитален паричник на платформата на Централната банка.
Со отворањето и дополнувањето на дигиталниот паричник ќе се бави посредничка банка.
Паричникот ќе може да се надополнува во мобилната апликација на банката при што клиентот може да го отвора и дополнува паричникот, додека банката ги извршува налозите за пренос на дигиталната рубља.
Позитивни страни на дигиталната рубља
-Зачување на парите во случај на пропаѓање на банката
-Блокирање на сомнителните операции
-Ниска или нулта вредност на трансферите
-Способност за складирање на памените договори.
А под паметни договори во овој случај се сметаат договори напишани во облик на компјутерска програма. Продавачот ја прима уплатата дури откако ќе се исполнат сие услови. При купување на стан на пример- по регистрацијата во Агенцијата за регистри.