Дали вештачката интелигенција ќе ни го украде животот и работното место? Што може да искористиме од новите технологии за подобрување на секојдневието? Има голем број на песимистички размислувања дека вештачката интелигенција може да замени и 300 милиони работни места во 2023 година. Но, дали може и да помогне?

Оние работни места што може да ги замени вештачката интелигенција се квалификувани работни места: од ИТ индустријата, новинарството, програмери, дизајнери, архитекти адвокати...
Но, знаењето на вештачката интелигенција може и позитивно да се искористи во дигиталниот маркетинг. Ова го објаснува Мирко Чешелкоски, сопственик на Академија за онлајн-маркетинг „Мистер њу лајф“. Чешелкоски, има 26 години искуство во онлајн-маркетингот и во заработување преку интернет. Според него, дигиталниот маркетинг е најважниот диригент, кој упраува со буџетот на социјалните медиуми, за подоцна да се врати во форма на профит, во изведба на бред и имиџ. На дигиталниот маркетинг му се потребни графички дизајнер, копирајтер, веб дизајнер, цела екипа на професионалци кои се на платен список.
Но, со појавата на вештачката интелигенција, Чешеловски во нејзе гледа шанса, а не закана за дигиталниот маркетинг. Со вештачката интелигенција, реална е помошта на дигиталните маркетери да работат самостојно со само неколку алатки и да остваруваат профит.
„Со дигиталниот маркетинг и вештачката интелигенција како спојка, тука има поголеми шанси за заработка. Сега започнува четвртата индустриска револуција. Се случи тоа со почеток на интернетот, сега работите се поинакви. Работата е критична, Мора да се прилагодиме на трендовите ако сакаме да го задржиме работното место и да имаме приходи“, вели тој.

Неговиот став е дека мора оние кои работат во сферата на дигиталниот маркетинг, мора да ги научат алатките.
Прва алатка - „Meet journey“ - алатка преку која како со магично стапче може да се добие каква било графика. И тоа графика по желба за професионални и приватни проекти. Единствено што треба да се направи е да се напише професионална и прецизна реченица што се бара. Услугата е бесплатна. Може да генерира во голема резолуција и слики од историски моменти.
Втора алатка - „ChatGPT“ - супер популарната алатка која неодамна успеа да положи и правосуден испит во САД. Најзините најголеми достигнувања досега се пишување компјутерски задачи со што програмерите не мора да ги пишуваат сите кодови, а може да ви направи и цела апликација. Има бескрајни примери кои може да се презентираат пред клиенти. Може која било реклама и слика да се надополни со супер текст. Има широко поле на неограничена интелигенија која помага како да се добие поголем ефект. Комуникацијата со вештачката интелигенција во моментот е многу едноставна, како да разговарате со човек. Прави дури и бизнис планови, презентира начини како да зголемите продажба во фримата, видливоста на социјалните медиуми и многу други работи.