Дигиталниот развој ја диктира побарувачката за работни вештини. Појавата на ковид-19 пандемијата во светски рамки, го забрза процесот на дигитална промена. Истовремено, ја наметна и потребата за дигитално решавање на веќе постоечките проблеми. Прашањето за процесот на дигитална трансформација и влијанието врз пазарот на трудот нуди две спротивставени гледишта. Едното е отворање на создавање на нови потенцијални можности за работа, повисоко ниво на продуктивност и ефикасност. Но, паралелно, владее и стравот дека дигиталната трансформација ќе остави многу луѓе без егзистенција. Сепак, преминот кон дигитализацијата веќе наголемо се чувствува во јавниот сектор и деловниот бизнис.

Дигиталниот развој ја диктира побарувачката за работни вештини

Дигиталните вештини и компетенции во Западен Балкан

Во земјите од Западниот Балкан години наназад се детектираат проблеми на пазарот на труд. Односно, во структурата на пазарот на труд и стапката на невработеност. Ако земјите од Западен балкан не успеат суштински да ги засилат своите инвестиции во развој на вештини, тие можат да западнат во стапица на низок раст на продуктивноста.

Развивање агенда за вештини што создава цврсти основи за „нова економија“ и можностите за доживотно учење ќе помогнат земјите да се искачуваат на скалата на продуктивноста и да конвертираат поголеми приходи. Ова се наведува во анализата на Виенскиот институт за интернационални економски студии.

„Брзата трансформација на пејсажот на работни места, работници и вештини во Западен Балкан ќе бараат поголема реформа на политиката за да се спречат загубите на работни места и економијата.

На глобално ниво, фирмите ќе пристапат кон нови технологии за зголемување на продуктивноста, проширување на нови пазари. Истовремено, зголемената употреба на технологијата раѓа нови работни места. Паралелно, како што расте побарувачката за други задачи и вештини, поврзани со новите технологии.

Стареењето на популацијата создава притисок за зголемување на продуктивноста на работните места. Со цел подобрување на животниот станрард со помалку работници и повеќе зависни лица. Како што земјите од Западен Балкан бараат побрзо пристапување кон ЕУ, ќе се зголеми прекуграничниот проток на добра и услуги, на инвестиции и ќе влијае на иднината на работните места во регионот. Соочени со промените, фирмите и поединците ќе треба да поттикат сетови на вештини за напредок во забрзана трансформација на пазарот на труд“, се наведува во анализата.

Од друга страна, просечната работна сила во земјите од Западен Балкан е на возраст помеѓу 15 -65 години. Индексот за дигитална економија и општество покажува дека е значителен јазот помеѓу дигиталните вештини во земјите на ЕУ, со оние од Западен Балкан. Сепак, светските трендови покажуваат дека автоматизацијата на работните процеси  е директна закана за одреден број работни места. Но тоа не се однесува  на оние позиции за кои се потребни ниски вештини, луѓе со понизок степен на образование. А притоа, не се бара развој на нови вештини за зачувување на работните места.

Рутинско секојдневие наместо учење нови вештини

Анализите на пазарот на земјите во Западен Балкан покажува дека заеднички содржател за нив е високиот процент на работноспособно население кои народски кажано „тепа време“ или го троши времето непродуктивно. Низок е процентот на луѓе кои се надоградуваат или изучуваат нови вештини. Сепак, овие бројки се променливи ако се има во предвид степеност на образование. Стравот од губењето и исчезнувањето на работните места може да се замени со промена на „мајндсетот“ и развивање на нови, дополнителни вештини, за факање приклучок кон дигитализацијата. Но, и да се биде во чекор со времето за потребите во работната средина.

На оваа тема, прочитајте дополнително и како „Дигиталното рекламирање стана доминантно на светско ниво“.