Дел од книгата (Anatomy of Breakthrough: How to Get Unstuck When It Matters Most) објавена оваа година од американскиот психолог Адам Алтер ќе го привлече секој што денес се бори за добар деловен резултат и угледна позиција во бизнис заедницата. Не е лесно, како што велат поискусните, но отворен е патот за секој што сака да исчекори и да направи пробив во повисоките бизнис лиги.

Во ова поглавје, Алтер се осврнува на повеќегодишните теми за успех и неуспех следени со статистики и парадоксални заклучоци. Во оваа Anatomy на продор или пробив, како сакате, Алтер се потпира на податокот дека секој од своето време и работа задолжително треба да одвои 16 отсто на неуспех и пад.
Да почнеме со великаните
„Ако навистина сакате да успеете и да направите нешто од себе и својот живот, решението што ќе ви го понуди секој искусен човек е парадоксално. „Опушти се“, ќе ви речат.
Алберт Ајнштајн бил речиси непристојно продуктивен, но неговата продуктивност доаѓала во налети. Во паузите меѓу овие напади тој бил нежен кон себе. „Ако работа не ми оди добро“, тој би рекол: „Лежам среде ден и гледам во таванот додека слушам и визуелизирам што се случува во мојата имагинација“.
Замислете Ајнштајн и неговата бела коса како лежејќи гледаат во празниот таван во два попладне. Ова не е мит за физичар, но е клучно за она што Ајнштајн го направи голем. Наместо да се бори, тој дозволил да го зафати бранот користејќи го како можност да направи два или три ментални чекори назад за да може да ја слуша својата имагинација. „Ајнштајн едноставно дозволил да го поразат непродуктивните фази и така научил како „добро да падне“, напишал Алтер во поглавјето за успехот.
Уште едно забавување
„Истото важело и во случајот со Моцарт, кој си дозволил да ги забави во паузите налетите на продуктивност. Знаел дека најдоброто од неговите композиции доаѓало кога бил најсмирен. „Кога сум, речи си, сосема сам“, напишал: сум расположен. Да речеме, кога патувам во кочија или кога пешачам после добар оброк или навечер кога не можам да заспијам, ми доаѓаат толку многу идеи што течат во изобилство'.
Не морате да изведувате низа откритија, да компонирате шесто симфонии и концерти, борејќи се со вашите демони секогаш кога вашата продуктивност ќе удри во ѕид. Како и Ајнштајн и Моцарт, знаеше дека најсигурниот начин да се надмине непродуктивниот период е да се бара простор и осаменост, а не брутална сила, но и да се прифати дека неуспехот е неопходен“ ќе прочитате во Алтеровата Анатомија.
Слатка точка до добар резултат
Алтер понатаму се повлекува од светот на генијалците како што е споменатиот физичар и композитор и се враќа во реалноста на деловниот свет.
„Ниту еден од нив не беше љубител на гужви. Наместо тоа, и двајцата се повлекувле, ја прифаќале тишината и дозволувале да им слетуваат идеите.
Една од предностите на таквиот „опуштен“ пристап е и избегнувањето на борбата и создавањето на простор за неуспех. Тоа е прифаќање дека не можеме секогаш да произведуваме на највисоко ниво и дека секогаш ќе има пресеци кои се „ниски“. И современите теории за учење и развој признаваат дека напредокот е невозможен без предизвици, што значи дека треба да пропаднете пред да успеете.
Така, пред неколку години, тим од психолози се обиде да го изведе совршениот сооднос на успех и неуспех. На едниот крај од спектарот е совршен успех, на другиот е целосен неуспех. И двата пола се демотивирачки.
Совршениот успех е досаден и неинспиративен.
Целосниот неуспех е исцрпувачки и деморализирачки.
Некаде помеѓу овие две крајности е „слатката“ точката која гарантира долгорочен напредок.
Каде е таа точка на скалата меѓу овие две крајности?“, прашува Алтер и научно одговара.
Добар неуспех
„Според истражувачите, оптималната стапка на грешка е 15,87 проценти. Очигледно, вистинската стапка варира повеќе отколку што сугерира овој разоружувачки прецизен број. Може дури и да толерирате повисока стапка на грешки во добри денови. Можеби во лошите, кога сте обесхрабрени или уморни, целосно ќе ги избегнете грешките. Некои задачи бараат поголема стапка на неуспех.
Важна е и личноста. „Некои луѓе подобро ги толерираат грешките, што може да го објасни нивниот континуиран успех“, стои во книгата.
16 отсто - објективен репер за оптимална тежина
Самото постоење на ваква бројка од околу 16 отсто ви дава објективен репер за оптимална тежина. Што тоа практично значи?
Ако направите грешка или не успеете повеќе од еднаш на секои пет или шест обиди, веројатно не сте доволно успешни. Ако ретко или речиси никогаш не успевате, едноставно е - не сте успешни.
Второ, како што пишува Алтер, оваа бројка ви овозможува да паднете. Не само што е во ред да доживеете неуспех во работа, туку е неопходно.
„Грешките и падовите не се неуспеси, туку задолжителни и суштински компоненти на целиот процес. Оваа метрика „пет, шест неуспеси“ е корисен водич кога се учи нова вештина. Без разлика дали учите нов јазик или пишувате програми, трчате со одредено темпо или медитирате одредено време без прекин, и ќе моѓете да го квалификувате својот успех. На почетокот, стапката на неуспех може да биде повисока од еден од шест обиди. Ако е повисоко, можете да кажете дека сте неуспешни“, пишува Алтер.
Исто така е и во работната атмосфера. Компаниите подобро работат кога толерираат неуспеси. Најсигурниот начин да се заглавите е строго да се стремите кон совршенство.
Без разлика дали се работи за личен живот или деловни резултати, одговорот не е само неуспех, туку добар неуспех. Некои луѓе, како што напиша Алтер, пропаѓаат подобро од другите.