-Два филма , три фестивали- три награди за МРТ!, напиша на својот фејсбук профил Тони Стојановски, коментатор и еден од најголемите промотори на македонскиот спорт надвор од Макеоднија.

Документарниот филм „Живеејќи го сонот’, во конкуренција од 70 филмови , победи на филмскиот фестивал Budva sports and art film festival“ (BSAFF) во категорија на долгометражни документарни филмови. Сценариото е на Тони Стојановски,додека режијата е на Тони Ристовски.
„Нашиот пат не беше така тежок како намакедонските одбојкари, но задоволството за успех е подеднакво големо.
По „Среќната 13-ка“ лани, повторно одиме на Светското првенство за спортски документарни филмови ФИКТС, во Милано, “ напиша Стојановски
Минатата година таму победија во категоријата „Меншен ди онор“, втора награда, додека оваа година одат по „Гран ди нор“ односно по „Гран при“. Честитки за целата екипа на МРТ!
Инаку на Будванскиот фестивал беа наградени најдобрите во седум категории- краткометражни, среднометражни, долгометражни, играни, режија, монтажа и Гран при фестивал.
