Доларот нагоре, рубљата надолу -Актуелните политички случувања покажааа различни рекации на пазарот на пари.

Цената на доларот деновиве се искачи на својата највисока вредност во последниве 20 години. Американската валута му се приближи на еврото и на 03.05.2022 година едно евро се менуваше за 1,05 долар, што е многу блиску до изедначување. 

Доларот нагоре, рубљата надолу

Тие што имаат заштеди во долари се радуваат, затоа што веќе можат да ги менуваат/продаваат за добра цена, која, како што спомавме погоре, ја очекуваа дваесетина години. 

Доларот во поновата историја често пати имаше нагли падови и скокови, ја менуваше вредноста од „многу висока“ – 60 денари, до „многу ниска“ – 42 денари, па меѓу скопските менувачи беше пежоративно наречен – „долар каубој“. Но, во последниве две децении речиси оддржа некава стабилност, но со ниска цена во однос на другите валути.  

Поради инфлацијата во Америка која се приближува до двоцифрена боројка, инвеститорите предвидуваат дека Американската централна банка (ФЕД) ќе ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени до крајот на оваа недела, со што доларот на „домашниот пазар“ ќе поскапе, а тоа ќе придонесе за оддржување на неговата висока вредност, барем во догледно време. Да потсетиме дека доларот, не само што е меѓународна валута за трговија со нафтата, туку има голема побарувачка и на огромниот американски пазар, во земја со огромна продуктивност.

Ова, заедно со очекуваното бавно заострување на монетарната политика на Европската централна банка и загриженоста за влијанието на војната во Украина врз економијата на еврозоната, ја поттикна побарувачката на инвеститорите за доларот, па така, барем во блиската иднина, за американската валута ќе значи движење во нагорна линија, за нас поскапување на дериватите и зголемена инфлација (општо покачување на цените), за увозниците проблем, за извозниците - добивка.

Рубљата 

Што се однесува до руската валута, рубљата, таа во денари вреди 0,8, што значи помалку од еден денар. Од почетокот на војната во Украина, рубља постојано паѓа. Паритетот на долар/рубља се зголеми за од 5,9 насто на 107 насто, а паритетот евро/рубља се зголеми од 6,5 отсто на 119 насто.

Руската рубља продолжува да поевтинува и покрај мерките преземени од Централната банка на Русија. 

Руската монетарна власт се обидува очајнички да ја задржи вредноста на својата валута, со барање руските енергенси да се плаќаат во рубљи, што е многу деликатно, поради тоа што во склучените договори за купопродажба сигурно стои некоја од валутите за меѓународна трговија со енергенси, тоа е најчесто доларот.  

Народната банка на Макекдонија (НБРМ), според неодамнешната изјава на гевернерката Анита Ангеловска–Бежоска, е подготвена да сервисира трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно.