По долги години „пасивност и мирување“ цената на американскиот долар речиси се изедначи со еврото. Цената се зголеми и на јапоснкиот јен. Имено, инвеститорите велат дека своите инвестиции, во актуелнава економска светска криза, предизвикана од војната во Украина, ги пренасочуваат во „сигурни валути“ како што се јенот и доларот. Интересно е тоа што кинескиот јуан не го носи овој епитет, иако кинеската економија се смета дека е една од најбрзорастечките во светот.   

Аналитичарите велат дека инвеститорите, по навика, реагираат инстинктивно и купуваат долари и јени, кои важат за „безбедни пристаништа“.

Во првата половина на оваа година, јапонската валута падна за речиси 16 проценти во споредба со доларот, но неодамна побарувачката за оваа валута се зголеми.

Еврото продолжи да паѓа во однос на доларот, затоа што инвеститорите се плашат дека енергетската криза ќе предизвика неизвесност во снабдувањето со гас од Русија, па тоа може да го турне целиот континент во рецесија. Еврото, минатата недела падна за повеќе од 2% и се задража на азиското тргување со најниско ниво во последните две децении од 1,0140 $.

Австралискиот долар, спрема американскиот ривал ослабна 0,3 проценти, на 0,6820 американски долари, додека новозеландскиот долар падна за 0,2 проценти на 0,6167 американски долари.

Британската фунта минатата недела помина добро во политичкиот хаос што го зафати Обединетото Кралство, па во однос на претходната седмица загуби само 0,7 проценти од својата вредност.

Според последните достапни податоци, фунтата се тргувала  за 1,2015 $ и на пат е спрема паѓачкото евро да достигне  рекорд во последниве повеќе од две години.

Пад на криптовалутите

На крипто-пазарите, Биткоинот закрепнува, со скоро 14 проценти, на 22.000 американски долари во минатата  недела.

Од почетокиот на споменатите военополитички околности, пазарот на криптовалутност влезе во најголем кризен период досега. Вредноста на Bitcoin-от и Ethereum-от падна за над 80 %, по што многу луѓе доведе до банкрот. Проектот - чија пазарна вредност изнесуваше 40 милијарди американски долари на почетокот на мај - за само една недела, падна на нула!

Сепак, пазарот на криптовалутите и натаму фукнционира, но нивната вредност е најниска во последниве години. Трговците со криптовалутите велат дека тие, како технологија или како услуга, не се пропаднати. Тие едноставно доживеаја надолана осцилација, особено на  почетокот на украинската криза. Но, од оваа  причина на светскиот пазар има банкротирано стотина големи фирми што се заниваат со купопродажба на криптовалути.

Некои велат дека ова не е најголемиот пад во историјата на криптовалутите. Најголем процентуален пад имало 2011 година кога  Bitcoin–от во еден ден доживеал пад од 33$ на 1 цент. Последнава година се случија два пада, едниот беше во мај 2021, а вториот минатата зима.

Стручњаците смируват дека ваквите големи падови на цените на криптовалутите не значат и нивна смрт. Едноставно ова е еден лош период што го има зафатено овој специфичен пазар, велат трговците со криптовалути. Претходниот четиригодишен период пазарот беше стабилен, па овој пад се смета за долниот пик во таа ценовна осцилација. Цената на криптовалутите како што е Bitcoin–от, Eterium-от и другите се формира на слободниот пазар.

 

 

Посигурни криптовалути

„Стејблкоини-те“ се сметаат за посигурни криптовалути. Тие  се вид што ги следат цените на некоја од цврстите валути. Најчесто е тоа американскиот долар, но има и такви што го следат и еврото, јенот, лирата, или цела низа  „централнобанкарски“ валути.    

Најпопуларните стејблкоини го следат американскиот долар. Тие криптовалути се најпопуларни и најстабилни, затоа што финасиските институции што тргуваат со нив тврдат дека зад секоја единица од тие валути на сметката има 1 долар.

И покрај големиот пад, луѓето, инвеститорите, продолжуваат да тргуваат - купуваат и продаваат. Логично е сега, во ваква ситуација, да се купува. На пазарот се нудат околу 20 000 криптовалути. Но, како да се одберат сигурни или стабилни?

Трговците препорачуваат дека треба да се почитуваат 2 основни фактора: позицијата на скалата на најголемите криптовалути и тргувањето на берзите. Криптовалутата која се наоѓа во топ-50 на таа скала може да се земе предвид за купавање.