Домашните модели на автомобили најпродавани на европските пазари. Многу европски земји можат да се пофалат со силна автомобилска индустрија, но и со фактот дека домашните модели на автомобили се исклучително популарни.
Не е тајна дека моделите кои доаѓаат од домашните фабрики се најдобри на големите автомобилски пазари. Овој тренд беше особено изразен во текот на минатата година.
Германија
Volkswagen Golf беше најпопуларниот нов автомобил во Германија минатата година, иако според податоците собрани од JATO Dynamics, тој изгуби многу од својот удел во последните три години.
Голфот сега држи 3,5 отсто од автомобилскиот пазар, што е најнизок резултат од 1980 година. Најголемите предизвикувачи на овој модел во Германија доаѓаат од другите модели на Volkswagen - првенствено од T-Roc и Tiguan.
Домашните модели на автомобили најпродавани на европските пазари ( фотографија: Motor1)
Франција
Во Франција, вториот по големина пазар на автомобили во Европа, Peugeot 208 го победи Renault Clio. Ова е прв пат од 2004 година еден сегмент на Peugeot B да продаде повеќе од неговиот конкурент од Renault. Меѓутоа, ниту еден од овие француски модели немаше толку силен раст како Dacia Sandero, чија продажба скокна за 44 отсто во споредба со 2020 година.
Обединето Кралство
Во Обединетото Кралство минатата година имаше поместување на врвот. За прв пат од 2009 година, Ford Fiesta не го зазеде првото место.
Наместо тоа, Vauxhall / Opel Corsa е најпродаваниот автомобил на Островот, за прв пат од неговото претставување.
Tesla Model 3 го зазеде второто место, што е негов најдобар резултат меѓу 10-те најголеми автомобилски пазари во светот. На третото место се најде Mini со три и пет врати.
Италија
За разлика од Обединетото Кралство, првите три места во Италија речиси и не се променија во 2021 година. Fiat Panda доминираше во продажбата во таа земја со испорачани 112.298 единици или пазарен удел од 7,6 проценти.
На второто и третото место беа Fiat 500 и Lancia Ypsilon. Заедно, тие учествуваа со 13,8 отсто од вкупната продажба на нови автомобили во Италија.
Шпанија
Доминацијата на теренци/кросовери може да се забележи во Шпанија. Најпродавани беа Seat Arona, Hyundai Tucson и Dacia Sandero. Ова беше првпат Арона да се најде на врвот од нејзиното претставување во 2017 година.
Турција
Најпродаваните автомобили во Турција останаа исти како и претходните години. Fiat Egea (кај нас познат како Tipo), инаку модел произведен во таа земја, е на врвот од 2016 година.
Седанот Toyota Corolla и Renault Clio се најдоа на второто и третото место. Автомобилите од овие два модели излегуваат и во фабриките во Турција.
Русија
Во Русија доминираат автомобилите на Лада, што е и очекувано. Vesta е најпродаваниот модел со испорачани речиси 113.700 примероци, што е за шест проценти повеќе отколку во 2020 година.
Granta беше на второто место, но забележа пад од 12 проценти, додека Kia Rio беше трета.
Унгарија
На крајот оставивме еден не толку голем пазар, Унгарија. Suzuki (кој се произведува во домашна фабрика) доминираше на унгарскиот пазар минатата година со речиси 15 отсто удел. Vitara беше најпродавана, а S-Cross беше веднаш зад неа.
Всушност, Vitara е најпродаваниот автомобил во Унгарија од 2016 година. На третото место се најде Fiat 500, што е најдобар резултат за италијанскиот градски автомобил од неговата премиера на овој пазар.