„Дрекслмајер” донираше над 1000 визири за медицинарите од неколку општини. „Дрекслмајер” донираше над илјада сертифицирани заштитни визири за тие кои секојдневно се наоѓаат во првитередови и се грижат за здравјето на граѓаните, информираа денеска од германската компанија која работи во Кавадарци.


 

„Дрекслмајер” донираше над илјада визири за медицински лица од неколку општини


– Над илјада визири се донирани на медицинскиот персонал во Кавадарци, Неготино, Велес и Прилеп. Се работи за сертифицирана и висококвалитетна заштита за лице, што „Дрекслмајер” ја произведува во сопствената фабрика во Браунау, Австрија. При производството на овие визири компанијата ги користи своите компетенции во дизајнот, правењето прецизни алатки и обликувањето, а на овој начин сака да даде свој придонес во борбата против коронавирусот, соопштија од фабриката која вработува над шест илјади работници од неколку општини.
Лукас Мирингер, директор на „Дрекслмајер” во Кавадарци, се заблагодари на целиот медицински персонал за неуморната работа за време на оваа пандемија
– Медицинските работници изминативе месеци непрекинато се борат за здравјето на пациентите заболени од Ковид-19 и се трудат да го заштитат јавното здравје. Со заштитната опрема што ја дониравме на четирите болници, сакаме да изразиме благодарност за нивната посветеност, а воедно да дадеме поддршка на здравствениот систем во справување со коронавирусот, рече Мирингер.
Во април годинава, на почетокот на здравствената криза компанијата исто така донираше комплетна медицинска опрема за здравствените работници од болниците во Кавадарци и Велес. На предавањето на заштитните визири, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, Диме Коцев истакна дека визирите овозможуваат дополнително да го заштитат медицинскиот персонал.
– Драго ми е што од „Дрекслмајер” се секогаш подготвени да излезат во пресрет и да дадат поддршка на здравствените институции, додаде Коцев.
Од компанијата апелираат до сите граѓани да се однесуваат одговорно.
-Придржувајќи се до пропишаните заштитни мерки, секој може да даде личен придонес во спречување на ширење на коронавирусот, а на тој начин и да помогне на здравствение работници во нивната секојдневна битка за здравјето на пациентите, додадоа од германската фабрика, која е најголем работодавач во државава.