Учениците во дуалното образование најголем бенефит имаат преку стекнатите знаења и искуства, кои понатаму со нивна наградба, ќе ги направи вистински стручњаци во полето во кое работат. Според Златко Велевски, менаџер за човечки ресурси во компанијата „Кромберг и Шуберт“, бенефитите од спроведувањето на дуалното образование се повеќекратни.

Осврнувајќи се на изминатиот период, сепак, вели дека неговото спроведување било предизвик во услови на корона криза. Во компанијата биле спроведени сите мерки за претпазливост и безбедност. Бил овозможен специјален превоз само за учениците, со цел да немаат контакт со вработените. А, генерално, истите мерки за заштита важеле за сите. Во вакви услови, Велевски го опишува процесот на  спроведувањето на практичната работа.

Златко Велевски - „Кромберг и Шуберт“

„Имаме посебна просторија кае учениците следат настава и пракса. Кабинетот е опремен со маси за машинска и електронска обработка на вежбите на учениците кои ги имаат. Кабинетот е настрана од производството. Во овој момент поради короната, се уште оние вежби и процеси кои сакаме да ги следат учениците од производство се уште се паузирани. Но, со средување на ситуацијата, имаме доста процеси кои учениците сакаме да ги следат во самото производство. Во прва прилика кога ќе се намалат мерките, учениците ќе ги следат и тие вежби. Сепак, и физички да видат како одредени процеси се изведуваат. Тоа се работи кои во иднина се планирани и учениците ќе се вклучат директно во произовдство во анализирање и студирање на некои процеси. Во овој момент, ограничени сме на кабинетот за дуално образование, со цел да се пружи максимум заштита на учениците и менторите“, објаснува Велевски.

„Кромберг и Шуберт“ им овозможува на учениците месечен паричен надомест. Сите ученици имаат организиран превоз до домовите, топол оброк во компанијата. Сепак, како главна бенефиција, наведува Велевски е дека имаат можност со нив да работат луѓе кои сакаат да им пренесат практично знаење.

„Кромберг и Шуберт“

„Ние имаме бенефити од материјален аспект. Но, бенефитот од аспект на знаење е најголем, бидејќи добиваат знаење и искуство кое во споредба со нив, учениците кои не се дел од дуалното образование, нема да можат да ги видат тие пракси и искуства. Од старт се во предност, без оглед дали ќе го продолжат своето образование на факултет или ќе започнат работнат однос“, смета Велевски.

 

Дуално образование - процес кој се работи суштински, а не површно

Осврнувајќи се на дуалното образование и неговото функционирање,    смета дека со пресликувањето на германскиот модел, на тежина добива и самиот образовен систем во државата.

„Добиваме нова вредност, нешто што претходно го немаше. Сега учениците можат да се стекант со знаење кои претходно не можеа да го добијат. Или го добиваа, но, не во таков облик и форма како денес. Тоа е меѓу најголемите бенефити според нас, вклучувајќи ја и општествената одговорност. Бидејќи креираме стручњаци кои ќе бидат дел од нашата индустрија и ќе придонесат за развојот на државата, кои се вклучуваат на пазарот на трудот и придонесуваат со своето знаење и вештини“, вели Велевски.

„Кромберг и Шуберт“

Негова препорака за компаниите кои сакаат да влезат во имплементација на дуалното стурчно образование, е тоа да го направат суштински, а не површно. Бидејќи, како што вели, станува збор за обемен процес од многу аспекти, кои треба да се совладаат за да може да се спроведе на вистинскиот начин.

„Со добро обучени ментори и простории на крајот на денот да можеме да ја дадеме таа дополнителна вредност на учениците. Сето друго е недоволно. Мора процесот да се сфати сериозно, да се видат сите аспекти од материјална гледна точка, вработени, ментори, согласно моделот на дуално образование“, заклучува Велевски.