На врвот на листата е најголемиот романски производител на нафта и гас, ОМВ „Петром“ кој ја задржа својата прва позиција втора година по ред, со промет од 13,4 милијарди евра и профит од 2,1 милијарди евра.
Најголемиот романски производител на нафта и гас, „OMV Petrom“ , ја задржа својата прва позиција втора година по ред, со промет од 13,4 милијарди евра и профит од 2,1 милијарди евра.
Втора на списокот е словенечката компанија „Petrol “, а трета исто така словенечка компанија „Holding Slovenske Elektrarne“. Во првите пет е и романската OMV Petrom Marketing SRL и Automobile-Dacia исто така романска компанија.
Како што објави „СиЊуз“ (SeeNews) на ранг листата „ЈИЕ ТОП 100“ на најголеми компании во Југоисточна Европа во 2022 година, се најдоа и две македонски компании. На 30. Место е рангирана хемиската компанија „Џонсон Мети“, со вкупни приходи од 2,5 милијарди евра, што претставува пораст од 19 отсто во однос на претходната година. На листата на 99. Место се најде и рафинеријата „Окта“.
„Секторот за нафта и гас, поттикнат од загриженоста за енергетската безбедност и растот на глобалните цени, забележа исклучителни перформанси. Нивната комбинирана продажба го надмина секторот на електрична енергија за двојно повеќе, генерирајќи 39 отсто од вкупниот приход на ТОП 100 учесници во ЈИЕ,“ стои во денешниот извештај.
„ЈИЕ ТОП 100“ ги рангира најголемите компании во Југоисточна Европа според вкупни приходи за фискалната година која заврши на 31 декември 2022. Публикацијата вклучува и ранг листи на најголемите банки и најголемите осигурителни компании во регионот.
-Покрај геополитичките турбуленции, високата инфлација и намалената побарувачка, најголемите компании во Југоисточна Европа имаа двоцифрен раст во приходите и профитот во 2022 – се наведува во извештајот за рангирањето „ЈИЕ ТОП 100“.
Топ 100 компании во Југоисточна Европа ја затворија 2022 година со комбиниран приход од 223,9 милијарди евра, што бележи забележителен пораст од 46 проценти во однос на претходната година. Нивниот профит исто така нагло порасна за 61 отсто, достигнувајќи 10,3 милијарди евра. Прагот за влез во рангирањето значително се искачи на 975,6 милиони евра, што е доказ за растот и силата на најголемите компании во Југоисточна Европа.
SEE TOP 100, објавено од SeeNews, е единственото годишно рангирање на најголемите компании, банки и осигурителни компании во Југоисточна Европа. Освен врвните рангирања на компании, банки и осигурителни компании во регионот, овогодинешното издание го опфаќа и комбинираниот раст на нето добивката на водечките банки во регионот на ЈИЕ од 2022 година.