„Еко Логистик Сервис“ е апсолутен лидер во сите категории за национална брза пошта за 2022 година, според Агенција за пошти.
– 45% од пазарот – најдобри даватели на поштенски услуги на слободен пазар со најголем остварен обем од обезбедување на поштенски услуги.
– 47.5% од пазарот – најдобри даватели на поштенски услуги на слободен пазар со најголем остварен обем на пратки за кореспонденција.
– 2.500.000 доставени пакети – најдобри даватели на поштенски услуги на слободен пазар со најголем остварен обем на пакети.
„Еко Логистик Сервис“ со воведување на новите продукти и зголемување на капацитетите и ресурсите стреми кон зголемување на растот на компанијата и доставата.
„ЕЛС“ – давател на поштенски услуги (со општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено во 2018 година, со проширување на портфолиото на услуги и мрежа во 2019 година) за најголем остварен обем на пакети од сите даватели на поштенскиот пазар, и најголем остварен обем на поштенските услуги.
„ЕЛС“ подобар од другите компании, но и државната АД Пошта
Заклучно со крајот на декември 2022 година, покрај АД Пошта на Северна Македонија, дополнителни 35 приватни компании обезбедувале поштенски услуги.
Бројот на вработени во поштенскиот сектор во 2022 година изнесува 3121 лица, од кои 1998 вработени во АД Пошта, а останатите 1123 во приватниот сектор. Бројките покажуваат дека бројот во државната пошта се намалил, додека во приватните компании се зголемил за 8 насто во споредба со 2021.

Кај „АД Пошта“ се забележува намалување на обемот на поштенскиот пазар во изминатите неколку години. Со намалување кај давателот на универзалната услуга, се забележува постојан пораст на давателите на услуги на слободниот пазар. Во 2022 година, има зголемување на обемот за 7,3% во споредба со 2021 година. Обемот на поштенскиот пазар генерално во 2022 година изнесува 35 826 593 пратки и претставува намалување од 4,67% во споредба со 2021.
Генерално, давателите на поштенски услуги на слободен пазар имаат неколку години по ред зголемување на приходите. Во 2022 година, во однос на 2021 година од околу 10%, односно имаат зголемување на вкупниот обем на поштенски пратки за 7,3% и зголемување на приходите.
„Еко Логистик“ е меѓу првите пет даватели кои имаат остварено вкупно 82,03% од вкупно остватениот приход од давателите на поштенски услуги на слободниот пазар.
Во 2022 година кај давателите на поштенски услуги на слободен пазар се забележува зголемување на сегментот пакети за 22,6%. Се поголемата побарувачка за онлајн услугите и развојот на е трговијата се рефлектира кај услугата пакети која континуирано има раст кај давателите на слободен пазар. Развојот на платформите кои нудат услуги на пазарот во форма на онлајн нарачки го зголемува учеството на давателите на пазарот особено во делот на пакетите.