ЕКСПО Дубаи-светскиот саем отворен со грандиозна церемонија. Ова издание беше одложено лани поради пандемијата на коронавирусот. Церемонијата на отворањето беше пренесувана на јавни места насекаде низ Обединетите Арапски Емирати, а во неа учествуваа повеќе ѕвезди, меѓу кои Андреа Бочели и Ели Голдинг. Владата на Дубаи потрошила седум милијарди долари на екстравагантниот настан, кој има традиција од 1851 година.

ЕКСПО Дубаи - светскиот саем отворен со грандиозна церемонијаДубаи се надева дека организирањето на ова издание од Светскиот саем ќе го забрза економскиот раст привлекувајќи 25 милиони посетители.ЕКСПО Дубаи-светскиот саем отворен со грандиозна церемонија

Светскиот саем е изграден на површина од 4,3 квадратни километри во пустината. Организирањето на настанот чини околу 6,8 милијарди долари.

Дубаи очекува повеќе посетители од претходниот Светски саем, кој беше одржан во Милано. Посетителите на Светскиот саем мора да носат маски на лицето, а сите над 18 години мора да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест за ковид-19.

Светскиот саем ќе биде отворен до март 2022 година.

https://www.youtube.com/watch?v=VUM97JjAG1c

                               Од денес и Македонија на Дубаи ЕКСПО


Под мотото „Нови можности“ и под слоганот „Дом на секој чекор“ оваа година Северна Македонија со сопствен павилјон ќе биде претставена на Дубаи ЕКСПО, објави денеска  министерот за надворешни работи Бујар Османи на „Фејсбук“.

– Пред повеќе од 190 земји и над 25 милиони посетители, ќе ги промовираме економските можности, инвестицискиот потенцијал, туристичките атракции, богатото културно наследство и етничката разновидност, напиша Османи.

 

ЕКСПО Дубаи- светскиот саем отворен со грандиозна церемонија

Шефот на дипломатијата додава дека Северна Македонија ќе биде во центарот на светската јавност на 22 февруари 2022, кога ќе се одржи централна културна манифестација и бизнис форум за промоција на инвестициските можности.

– Придобивките од учеството на Дубаи ЕКСПО се повеќедимензионални: подигнување на видливоста на Северна Македонија во светски рамки; креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка со голем број земји од различни региони во светот; привлекување странски инвестиции, олеснување на пристапот до профиталбилни светски пазари, наведува министерот за надворешни работи.