Лидерите играат клучна улога во успехот на секоја организација. Без силно лидерство, организацијата може да има големи предизвици во остварувањето на своите цели. Со разборање на улогите и одговорностите на лидерите, поединците можат да ги развијат вештините и знаењата неопходни за самите да станат ефективни лидери и да им помогнат на нивните органзиации да постигнат успех.

Потребите на вработените мора да бидат во фокусот на лидерот. Вработените во компанија претставуваат тим, а начинот на кој ќе бидат организирани зависи од лидерот, неговата ефикасна комуникација и да бидат водени преку примери.

Сепак, колку една организација ќе биде успешна, суштински зависи од емоционалната интелигенција на лидерот и неговиот пристап кон вработените. На вработените треба да им се предочува дека нивната работа е важна, смета Трајанка Макревска, проф. д-р на Меѓународниот Славјански Универзитет и предавач на Зимската лидерска школа за водење на организациите.

„Волјата не е видлива и не е лесно мерлива - колку ние сме ангажирани, колку сме задоволни, дали лидерот не инспирира и ни дава дополнителен стимул за работа. Се зависи од квалитетот на раководството кое ја води организацијата и силата на оправданата цел. Не треба да се прашуваме кој е победник или губитник во оваа бесконечна игра на бизнисот. Треба да ја подигнеме колективната свест потребно за македонското стопанство, не само да даваме судови, а да не ја прифаќаме реалната состојба. Ние не треба само да сонуваме, треба да го претвориме во пракса, да ја подигаме свеста заеднички за да создаваме здрави организации. Отворено останува прашањето што лидерите ќе изберат, смета Трајанка Макревска.

Емоционалната интелигенција - битна компонента за лидерството

Според Макревска, когнитивниот капитализам е економски систем во кој знаењето и информацијата се главните ресурси, а интелектуалниот капитал е главниот извор за содздавање на вредност. Постои ограничено внимание или внимание кое вработените потешко го даваат. Затоа во денешно време се посветува внимание како да се задржи вниманието и како лидерите и вработените мора да работат за да добијат резултати.

„Емоционалната интелигенција подразбира лидерите да имаат сопсобност и вештини да ги разбираат сопствените емоции, емоциите на другите, за да лидерот со силни вештини во одредени случаи при донесување на одлуки во динамичното опкружување остане смирен, присебен кога донесува одлука под притисок и да ги разбира емоциите на другите. Луѓето како индивидуи тргнуваат од своите потреби и желби, но една организација кога водиме мора да тргнуваме од себе и организацијата за која работиме. Значи управуваме со сопствените емоции но да ги разбираме и емоциите на другите. Во денешниот модерен и деловен пејсаж се случуваат премногу промени, секогаш треба да се прилагодуваме на ситуацијата. Во сложени средини и кои брзо се менуваат треба да се прилагодуваме. Ако еден начин на комуникација не одговара треба да се промени. Треба да се примени адаптивна интелигенција, интуиција за да се промени ситуацијата“, потенцира Макревска. 

Клучни решенија за свеста во организацијата

Како што вели Макревска, кога се основа некоја организација, мора да се избере кои ќе бидат клучните вредности на работењето. Може да има капитал, но, да се нема свест. Може да има волја, но, да имаме ограничување во поглед на законот и регулативата. Лидерот треба да биде и мотиватор, за организациајта да има поголема продуктивност. Ова генерално не се однесува само во корпорациите, туку може да се примени и во образованието. Мотивацијата е главен аспект за успешно водење на еден тим. Во одредена организација, вработените може да се мотивираат со парична награда, некои со пофалба, други пак да се чувствуваат дека се дел од тимот. Трети пак, да бидат претставници на компанија со учество на семинари или конгреси. Тоа е поттик и за самиот вработен, но, и за останатите негови колеги да работат и придонесуваат повеќе. 

„Мотивацијата во една компанија може да биде и со пари и со награда, но тоа е многу индивидуално. Како поединец може паричната награда да не е најбитен фактор, бидејќи во денешно време ако тргнеме од теоријата на потреби и желби, вработените имаат само да јадат и да пијат. Никогаш не треба да згасне филозофијата и љубовта кон животот. Да бараме смисла во нашето постоење, а не само во паричната награда. За да ја подигнеме колективната свест треба да има двонасочна комуникација“, смета Макревска.