Српскиот холдинг „Алта Група“ ја презеде осигурителната компанија „ЗОИЛ Македонија“ од Битола, станувајќи сопственик на сите нејзини акции.

 

 

Како што стои во известувањето на СЕЕБиз од Македонска берза, вупната вредност на трансакцијата изнесувала 104.881.800 денари или приближно 1,7 милиони евра.

По аквизицијата, ЗОИЛ Македонија го промени своето име во „Алта Осигурување“ АД Скопје, по преземањето од страна на Давор Мацура, сопственик на српската финансиска групација Алта Груп. Истовремено, седиштето на компанијата е преместено од Битола во Скопје.По завршувањето на потребните регулаторни процедури, компанијата ќе нуди производи за осигурување на возила, имот, домаќинства, патувања и деловни активности.

Мацура во март годинава ги купи сите 60.000 акции на ЗОИЛ Македонија во блок-трансакција, за вкупно 104,9 милиони денари, односно околу 1,7 милиони евра.

По преземањето следуваше и докапитализација на осигурителната компанија во износ од 1,3 милиони евра, преку издавање 26.000 обични акции со номинална вредност од по 50 евра. Акциите целосно ги запишал и уплатил Мацура, со што вкупниот акционерски капитал на компанијата се зголеми на 4,3 милиони евра.

Според годишниот финансиски извештај, ЗОИЛ Македонија во 2025 година остварила нето-загуба по оданочување од 33,9 милиони денари, што е повеќе во споредба со загубата од 24,8 милиони денари една година претходно. Компанијата е основана во 2023 година.

Компанијата „ЗОИЛ Македонија“ е основана во октомври 2023 година. Со оваа аквизиција, „Алта Група“ ги обединува банкарските, платежните, лизинг и осигурителните услуги во единствен систем во земја.

Претходно, белградската „Алта банка“, кој е дел од „Алта Групата“ стекна мнозински удел во „Стопанска банка“ АД Битола, која сега работи под името „Алта банка“ АД Битола.

Според Македонската берза, на почетокот на 2026 година „Алта банка“ од Белград го зголемила својот удел во сопственоста на битолската „Алта банка“ на над 95 проценти.

„Алта група“ се подготвува и за влез на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Според договорот со австриската „Рајфајзен банк интернешнл“, се очекува „Алта“ да ги преземе филијлите на „Адико банка“ во Сараево и Бања Лука, како и во Србија и Црна Гора.