Енергетска независност - ценовна стабилност

Најавата за покачување на цените предизвикува стрес и страв. Всушност во земја во која платата не стигнува ни за основните потреби тој страв е присутен постојано и влијае на психосоматското здравје на неселението, што е врзано со неговата продуктивност и тн. Во моментов тој стрес и старв е зајакнат со најваните од позначително зголемување на цените.

Експертиите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и нашта Централна банка смируваат дека тоа нема толку да боли колку што се хиперболизира.  ММФ прогнозира дека цените на енергијата, ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година.

Енергетска независност - ценовна стабилност

Во регионот и Европа веќе има големи ценовни шокови за  домаќинствата и за стопанствата. Проценките на владата се дека со набавката на јаглен и дополнителното производство на електрична енергија од декември до април, ќе се стабилизира домашниот пазар на струја.

Значи државната интервенција, во време на закана од ценовна експлозија, е неопходна. Таа мора да го заузда дивеењето на пазарот за што располага со монетарни и фискални инструменти, но и со јавни претпријатија во областа на енергетиката и со институционални регулатори (РКЕ). Во таа смисла, некои потези, за кои деновиве информираат медиумите, се благонадежни, не само за акутната закана од високи цени, туку и за „имунизација“ од енергетска долгорочна криза.

За таа цел, се впрегнати Електаните на Макеоднија (ЕСМ) да увезат евтин јаглен, наместо да се купува скапа струја на берзата за малите потрошувачи. Така се очекува ЕСМ да биде уште долго време (според одредбите за Законот за енергетика) најевтиниот понудувач на универзалниот снабдувач ЕВН-хоме, во споредба со цените на увезената електирчна енергија за малите, регулираните,  потрошувачи. Домашната електрична енергија ќе му се продава и на стопанството по повисоки цени од тие што ги плаќа универзалниот снабдувач ЕВН-хоум, но пониски од цените на регионалните берзи на струја! Вишокот произведена енергија ќе се продава на слободниот пазар. Така, се очекува оваа „маневра“ да биде една од мерките за да се спречи ценовниот шок, поради високите цени на струјата на меѓународниот пазар, кои во последните месеци скокнаа за три пати.

Цврсиот курс на денарот – монетарно сидро


Уште едно сидро, за кое се држи ценовната стабилност, е цврстиот курс на денарот, која го положи и овој испит, наспроти некои економисти кои сугерираат флуктуирачки курс. Точно е дека извозниците негодуваат, но со оглед на трговскиот дефицит, вака е подобро за поглемиот дел од стопанството и за граѓаните.

Владината најава на замрзнување на цените, помина многу нејасно и не предизвика некој стручна дебата. Но, владата може во крајна нужда да постави ограничување на растот на платитие во „својата“ администрација. Примената само на таа мерка, одвоено, би предизвикала затворање на голем број мали фирми и отпуштања од работа и се што селдува како последица од тоа.

 Енергетска независност - ценовна стабилност

Државата е на тешка мака


Освен ова, деновиве излезе податок дека има над 300 државни „фирми“ кои не се ни фирми ни инстутуции во кои ништо не работи огромен број џаболебарска армија. Ако ги затвори - ќе си има политички маки, ако ги „думка“ - си има финасиски маки. Што да се прави? Во случај на „ликвидација“ на тие квази-важни “субјекти“, уште една булумента ќе се „формира“ на која ќе треба да и се бара чаре во системот на социјална заштиита и тоа ти е врзана глава со чалма.

Една од надежите е дека еден светол ден ќе се завршат енергетските проекти и ќе донесат стабилност која нема да зависи од странскиот енергетски инпут во производството. Некои велат дека големите цевки ќе стигнат, ама малите, до ситните потрошувачи, можеби никогаш. Зошто никогаш? Сигурно ќе се појават „антигасери“, како „антиваксери', па ќе се змеша политиката и наштите позанти секојдневни „аналитичари“,  па ќе убедуваат дека тоа е скапо, дека е опасно, дека е отровно… само гарнитурата што е или што ќе биде на власт да не го освои гасниот политички поен.

Сепак, експертите предвидуваат дека Македонија, со оглед на тоа што во енергетскиот сектор нешто се движи, (фотонапонска електроцентрала во Осломеј 100 мегавати, на тендерот за изградба се избрани две компании, потоа владата прогласи два проекти за стратешки - изградба на ветерни електани со капацитет од 400 мегавати на североистокот на државава, уште еден проект од 80 мегавати фотонапонски електоцентрали. Пред неколку дена заврши тендерот за изградба на фотонапонски електроцентрали со субвенции што го помина третиот тендер на кој беа „доделени“ 80 мегавати) ...но овие проекти ќе ги покажат ефектите за година – две...треба да се најдат инвеститори, начини на финансирање и тн.

Енергетската независност, која звучи веќе како фраза, е од суштинско значење за животот на населението. Тоа го покажува оваа ситуација, а тоа е нашата зависност од некои други производители и продавачи од чија „стока“ зависи дали ние со нашата плата ќе можеме да ја издржиме нивната понуда на „тезгите“ за струја.

Сигурно дека ќе немавме гајле ако досега некоја од владите се запнеше и го изградеше системот Чебрен-Галиште, за кој се мантра од осамостојување на земјава или посериозно да се сфатеше дека обнвливите извори на енергија се иднината на енергетската независност, евтиност и еколошка полезност. Ама  кога оваа идеја почна да живее, првин во невладиниот сектор во разни ентузијастички еколошки организации, големите „стручњаци“ што се занимаваа со енергетика гледаа како на пејачки друштва или како на мантрите на индијанските врачови за повикување на дождот.

Во енергетската стратегија е предвидено дека до 2040 година треба да се инсталират околу 1400 мегавати од соларните системи и 750 мегавати од ветерни електрани, да се изградат Чебрен , Велес и Градец и една поголема гасна електроцентрала која ќе служи за балансирање на системот во време на критично производство од производителите на обновливите извори. И се’ да тргне идеално, ублажување на македонската енергетска зависност можеме да очекуваме  најрано до 2025 година.

Ова се ќе биде! Но, треба да се издржи. Проблемот е во тоа што „издржувањето“ трае долго, како вековно ропоство со ценовна репресија. Ако во првите месеци од следната година профункционираат транспортините патишта на енергенсите и на стоката, ќе се потврди предвидуваето на ММФ дека цените ќе се стабилизираат. Но, дали нашата енергетска потентност ќе стане поцврста, е прашање на време и на иницијатива.

 

Бране Стефановски