И покрај неизвесната судбина на главниот проект Иловица - Штука во Струмичкиот регион, компанијата „Еуромакс ресорсис“ објави повик за спонзорирање проекти од локално значење, во вредност од милион евра. Во меѓувреме, се уште трае судскиот спор меѓу државата и компанијата, која се жали за одземање на дозволата за експлоатација. Од друга страна, компанијата се обидува на различни начини да го информира населението за нивните активности.

До каде се постапките која компанијата „Еуромакс Ресорсес" ги води пред домашните судови? Што е она кое последно е донесено како одлуки?
Двете постапки што компанијата „Еуромакс ресоурцес“ ги поведе пред Управниот суд се во тек. Во јануари годинава компанијата објави дека ќе повторно ќе ја обжали одлуката на Државната комисија на Северна Македонија, која ја занемари конечната одлука на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, што е во корист на „Еуромакс“ и е објавена на 7-ми декември 2020 година. Државната комисија, наместо тоа, ја потврди одлуката на министерот за економија да го одбие барањето на „Еуромакс“ за дозвола за експлоатација за концесијата Иловица 6.
Вишиот Управен суд на Република Северна Македонија со објавата на неговата конечна одлука во декември 2020 година ја потврди одлуката на Управниот суд да го уважи нашето тужбено барање и да се поништи првото решение на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Со судската пресуда се утврдува повреда на правилата на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Имајќи го предвид „начелото на сервисна ориентација кон странките“, првостепениот управен орган - Министерство за економија, требало да ја сочека одлуката на Владата по Барањето на „Еуромакс ресурцес“ за спојување на концесиите Иловица 6 и Иловица 11 поднесено уште на 29 Јануари 2016 година и дури потоа да одлучува за барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина.

Иако ова претставува назадување во процесите за враќање на концесијата Иловица 6, „Еуромакс“ ќе продолжи да бара од Владата на Северна Македонија посветено да се ангажира за решавање на прашањето. Согласно правниот совет од нашиот правен тим, друштвото останува убедено во својата силна правна позиција, како и дека постапките на Државната комисија се незаконски.
„Еуромакс“ ќе продолжи да ги користи сите законски можности во Северна Македонија и ја задржува и опцијата својот случај да го штити во процес пред меѓународна арбитража согласно Швајцарско-македонскиот билатерален договор за инвестиции, за што во март 2020 година до Влада достави и официјалното известување.
Компанијата повеќе пати ја покани Владата во дискусија да го обновиме и забрзаме процесот за обезбедување на сите потребни одобренија и лиценци и во најкраток можен рок да почнеме со реализација на нашата капитална инвестиција за Проектот Иловица –Штука. Веруваме дека проектот Иловица - Штука ќе стане најголемата потенцијална странска инвестиција во Северна Македонија. Очекуваме проектот да создаде речиси 3.000 директни и индиректни работни места. Но и да го зголеми националниот и локалниот БДП во периодот на рехабилитација на македонската економија, велат од „Еуромакс ресорсес“.
Дали компанијата имаше некакви работни или какви било други активности во изминатата пандемиска година обележана со ковид-19?
Од почетокот на здравствено – економската криза предизвикана од пандемијата компанијата ги задржа сите вработени и го усогласи своето работење согласно препораките и мерките за заштита на здравјето на вработените. Притисокот што минатата година се креираше со економската криза, но и согледувајќи ги актуелните последици и предизвици со кои ќе се соочат општините во Струмичко, бордот на директори одлучи интервентно да издвои финансиски фонд од 1 милион евра за реализација во следните 2 до 3 години. Од овој буџет во соработка со институциите, како и граѓанските и бизнис здруженија ќе се финансираат приоритетни локални проекти и неопходни донации.

Воспоставивме комуникација со здравствените институции во Струмица, кои се центарр за целиот регион. Со намера да помогнеме на здравствените работници кои со натчовечки напори се уште се вложуваат во битка за сите нас. Во септември 2020 год. дониравме маски и заштитни скафандери во ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица во вредност од пет илјади евра. Потоа во октомври следеше дониција - комора за Ковид 19 тестирања во Центарот за јавно здравје во Струмица со што практично лаборатоијата во Струмица се опреми самостојно да изработи околу 100.000 тестирања за целиот регион. Годинава во април во соработка со ЈЗУ Општа болница – Струмица, Инфективниот оддел го опремивме со 25 нови болнички кревети со механизам и 25 сетови кислородни протокомери наменети за хоспитализација на болните од ковид 19, велат од компанијата.
Кон крајот на април, компанијата им делеше на граѓаните и промотивна брошура за проектираната работа на рударскиот комплекс Иловица – Штука, насловен „Вистина, прашања и одговори". Какви информации содржи брошурата и зошто се одлучивте на ваков чекор?
Одржувањето на воспоставената комуникација и партнерски однос што го градиме со жителите во општините Босилово и Ново Село е еден од нашите приоритети од самите почетоци на подготовка на проектот. Во населението гледаме долгорочен партнер, односно поддршка на која ќе се осврнеме при вработувањата, соработките со локалните бизниси, развојот на инфраструктурни и социјални проекти кои треба да го подобрат секојдневниот живот во регионот. Ние сме посветени во контиуитет да ги информираме за проектот и неговите потенцијалите за економски и друштвен развој. Односно да ги запознаеме сите дека овој проект може да биде силен мотиватор да ги задржи младите во регионот затоа што ќе им понудиме одржливи и добро платени работни места.
Брошурата е составена од прашања и дилеми кои најчесто ги поставуваат жителите. Ја подготвивме како индивидуален примерок со кој директорот за комуникации и односи со јавноста, Живко Груевски, се обраќа на секој жител во општините, но и како јавен документ достапен преку нашата Фејсбук страница со цел секој што е заинтересиран да се запознае со проектот. Причина повеќе за оваа брошура е што после една и пол година претрпени тешки последици врз економијата во државата, станува очигледно дека проектот ни е попотребен од кога било претходно, сметаат од компанијата.