„Експо 2027“ не е далеку. Изложбата ќе се оддржи во Белград, Србија, нашиот северен сосед и најголем трговски партнер, или еден од двата најголеми (Германија).

Почетокот на изложбата/саемот е закажан за 15. мај 2027., а ќе биде затворен на 15. август истата година. Белградската, ќе биде прва светска изложба во историјата што ќе се одржи во Србија, како и на просторот на поранешна Југославија.

Ако некој не знае што значи Експо (EXPO), тоа е светска изложба на се’ и сешто, но најмногу на технолошките достигнувања што ги има постигнато човештвото до овој момент. Овој саем се оддржува секој 4 години во различни градови на Европа за чие организирање треба да се добие согласност од државите членки на Светската изложбена организација.

За организирање на саемот „Експо 2027“ кандидатура поднесоа пет земји: Соединетите американски држави (Минесота), Тајланд (Пукет), Србија (Белград), Шпанија (Малага) и Аргентина (Сан Карлос де Барилочеу).

Кандидатската листа беше затворена 28. јануара 2022. Србија беше избрана за земја домаќин.

Саемот се оддржува на огромни пространство од околу 2 км2.

Последниве години, најголем дела од содржината на саемот се однесува на технолошките достигнувања, а претпоставуваме дека претстоечкиот, белградскиот, ќе биде посветен на достигнувањата во заштитата на човековата околина, дносно на патентите од областа на екологијата, на кои се заснова идејата за нулта емисија на гасови на конитнентов во нарените 20тина години и сигурно на  чудата во областа на електрониката, односно на т.н. вештачка интелигенција.

„Експо 2027“ ќе се одедржи под мотото: „Клуч за нови  хоризонти, што не’ чека 2027. година".

Саемите под ознаката „Експо“ на земјите им пружаат  можност да се претстават на најдобар можен начин. За да се организира ваква глема изложба треба големи вложуваања во просторот и во патната инфраструктура, се разбира на земите што го имаат тоа од порано им е полесно, но секогаш оваа манифестација се соочува со ризикот да не и се вратат  вложнеите седства и наместо профит, да покаже загуба. 

Затоа, оснвен основната содржина траба да се најде идеја за придружната, популарната содржина што ќе привлече што поголем број посетители, а сепак да не биде „лесковачка плескавица на скара“ чиј чад ќе се налепи на облеката и ќе го надвладее мирисот на парфемот што посетителите ќе си го напрскаат на себе пред тргнување на изложбата. Обично оваа исложба, освен „обичниот свет“, ја посетуваат премиери, министри, потоа медиумите без кои не може светот да има јасна претсава за тоа што претставува светската излоба, на која, за да биде успешна треба да поминат барем 5 милиони посетители.

Но, за земјите излагачи да имаат поголема посетеност на нивните штандови треба исто така да изберат кој бренд ќе го постават на највидливото, ударното место, за погледите и патот на посетителите да се задржи на нив, зашто од големиот број излагачи и штандови, може да им се заврти во главата.

Покрај големите саеми што се оддржуваат на тлото на Европа, Експо е навистина единствен, зашто тој е најголема можност за рекламирање и за склучување договори.

На овој „терен“ можете надјобро да видите и во кој правец  одите вие и вашиот производ.

Сепак, останува прашањето за судбината на градбите откоко се’ ќе заврши. Дали објектите може да ги снајде судбината на објектите што беа градени за Олипијадата во Сараево 1984 година, на пример?  

Иделозите на „EXPO 2027.“ Белград, велат дека градбите за се така градени што ќе можат да се искористат и да се претворат во други содржини, како што се градинки и школи, а подвижните спортски хали, ќе бидат наменети за училишта.

НБА на Експо 2027 . во Белград

Една од најинтересните работи што се однесуваат на  содржината на „Експо 2027.“ во Белград е тоа што има можност, за што е пројавен интерес, представници на американската кошаркарска лига, НБА, да биат присутни. Односно веќе се почнати преговори со управата на изложбата, идната година, во претсезоната, кошаркарите од НБА одиграат еден или два натпревара со Партизан и со Црвена Ѕвезда.

Тоа ќе биде тој воведен мамец, особено за најмладите што ќе имаат прилика да ги видат во живто големите ѕвезди на НБА.

По завршувањето на големата изложба има идеја монтажните спортски борилишта да бидат подарени низ Србија, така што ќе се премонтираат во училишни сали, особено таму кај што немало досега.

Експо и науката

Светските искуства велат дека оваа светска изложба има голем придонес во светската наука, а со тоа и во светската економија, нема напредок без наука.

Уште од првиот настан организиран 1851. година идејата била да се поканат луѓето што можат да понудат најголеми достигнувања во тоа време и тоа е останато до денешен ден.

Првиот телефон е презентиран на Експо, Ајфеловата кула во Париз исто така. Тоа значи дека Експо секогаш бил простор, на кој можеле да се видат барем контурите како ќе изгледа светот по 20 или 30 години.

Угостителскиот бизис и ЕКСПО

На тој голем простор, за време на оддржувањето на изложбата, има место и за големите синџири на храна и на пијалоци. На пример во Хановер во 2000 година беа изградени десет големи ресторани на Мекдоналдс, покрај  рестораните од неколку други учеснички. Исто така, беа поставени мали локации за малопродажба.

Македонија и Експо

Иако Македонија има учествувано на Експо, сепак ниедна од еконосмките институции се нема пофалено дека се подготвува за учество на Експо 20207 во Белград. Со тоа се добива впечаток дека и не му придава големо значење како поле за економски натпревар меѓу народите.

 Придобивките од органиацијата на Експо

Сите стручњаци велат дека градбата за потребите на вакви големи манифестации се исплатува, зашто тие остануваат, а и патната инфраструктура останува исто така, под услов понатаму редовно да се одржуваат. Многумина тврдат дека тоа е и едан поттикнувач на економскиот развој со тоа што тоа и натаму ќе биде место за собирање на големите странски инвеститори односно просторот, што евентуално ќе го закупат одредени фирми.

Што се однесува до можноста за организирање на таква светска изложба, Макекдонија е далеку од таа можност. Таква голема изложба единствено можеше да се оддржи на просторот на старото скопско сајмиште, се разбира со проширување на просторот, со доградба на изложбени објекти и со адаптирање на патната инфраструктура, која од североисток релативно може да добие преодна оценка, но тој простор се очисти и таа можност се елиминира, се изгради грдосија од некаков трговски центар, кој прашање е дали работи рентабилно и кој не нуди ништо екслкузивно во однос на понудата на стока, ни за шрирока ни за специјализирана понуда. Се е некако исто што го има и во другите големи молови.

Што се однесува до сообраќајаната инфраструктура, таа остана неразвиена, овде ја ставаме и железничката, па така уште еднаш ни се потврдува дека Македонија, иако е една од крстосниците на Балканот, нема визионерски поглед кон иднината. Па дури се памети изјавата на еден нејзин премиер, кој рече дека на Македонија „не и се потребни патиша, затоа што народот малку патувал“, каков  смоубиствен истрел!    

На страницата на Министерството за економија има еден  телефонски број од фиксната мрежа за контакт ако сакате да прашате дали Македонија се подготввуа за настап на „Експо 2027“. На тој телефон никој не се јавува. Тоа е така и во другите министерства. Ако наидете на некоја e-mail адреса, демек писмено да поставите прашање, бидете сигурни дека никогаш нема да добиете одговор. 

Паролата дека во нашите институции владее максимална танспарентност е само флоскула, односно лага. Цела една група вработени во институциите под ставката „портпароли“ е максимално неактивна, односно нивната работа се сведува на праќање соопштенија и слики од министрите, но не и директен контакт со новинарите, на што, по природата на работатаа се подразбира да бидат на располагање 24/7.  Тоа зборува за нивната неинформираност, некативност и за прикривање на тоа што јавноста треба да го знае.