„Фаб Лаб“ е лабораторија за дигитална фабрикација која е сместена на Машинскиот факултет. Главната идеја е да биде центар за сите млади ентузијасти да научат нешто повеќе за 3Д моделирање, технологии за изработка и прототипирање на своите идеи. Односно ако имаат нешто веќе некаков дизајн, а притоа немаат можност, тоа можат да го направат токму тука. Лабораторијата е простор за сорабтока млади од различни области кои имаат желба да работат на такви проекти, а во иднина и со компаниите кои се дел од стопанството.

 Дел од екипата е и професорката Јелена Џукиќ, која е доцент на Машинскиот факултет на насоката за индустриски дизајн. Во рамките на „Фаб Лаб“ е насочена во дел на проекти за креативно искажување, 3Д печањење и КАД моделирање. 

„Процесот е премногу комплексен, така што ентизијазмот е задолжителен. Ние долги години рбаотиме на ова знаевме што сакаме и каква опрема ни треба. Секој си имаме област во која што е задолжен. Идејата е дека прво требаше да се најде опрема. Доста е тешко бидејќи немаме многу избор на достапни машини. На почетокот имавме потешкотии на компаниите со кои соработувавме да им објасниме што сакаме да работиме за да добиеме писма со поддршка. Сепак, имавме меѓусебна доверба поради годините наназад соработка. Вкупно 27 компании и институции од Македонија го препознаа „“Фаб Лаб“ како потреба и можноста да добиеме една ваква лабораторија“, вели професорката.  

Лабораторијата е веќе оформена и официјално започна со работа на 12 јануари. Една од главните цели е и запознавање на јавноста со она што го работат. Со тоа е согласен и вонредниот професор на Машинскиот факултет во делот на индустриско инженерство и менаџмент, кој е и иницијатор на оваа приказна, Бојан Јовановски. 

„Јас бев продекан од 2017 година и со тогашниот Деканат сакавме да го смениме начинот на претстаевување пред јавноста. Иако имаме професори чие знаење се користи во компании од реномето на „Боинг“, сфативме дека тоа не е примамливо за сите средношколци кои сакаат да дојдат на Машинскиот факултет. Тогаш решивме да ја смениме реториката, наместо да се фалиме со тоа колку сме ние квалитетни и добри, тоа да го направиме преку нашите студенти. Со какво знаење тие чќе се стекнат на Машинскиот факултет за да се приближиме до средношколците. За тоа да го направиме, ни требаше материјал. Сите правиме проекти по некој предмет, но немавме простор каде тоа може да го обелодениме и да се види едноставно. Сите прават нешто, но, никој не знае што. Почна приказната со „Фаб Лаб“ лабораторијата, место каде нашите студенти можат да креираат најразлични работи и идеи. Бевме во посета „Фаб Лаб“ во Белград, Софија, почнавме да пишуваме апликација. Пишуваавме проектни апликации и праќавме. Едноставно немаше слух за нашата идеја. Но, некако бевме уверени дека тоа треба да се случи. Тогаш на герилски начин се создаде „Проектен хаб“ финансиран од пари на Машинскиот факултет. Тоа беа навистина проекти кои беа изработувани од студенти и за кои не се добиваа ниту оценки, ниту кредити. Најентузијастички потфат. Во рок од 2 години по 10 проекти студентите доаѓаа и работеа на своите проекти три до четири месеци со ментор од Машинскиот факултет. И се креираа најинтересните идеи. Откако се случи короната се затвори факултетот и не можевме да работиме на вакви проекти. Потоа имаше повик од ФИТР кој беше идеален за формирање на „Фаб Лаб“. Тука беше нашата шанса и така почнавме, вели Јовановски.  

Сржта на лабораторијата тлеела од 2017 година. Сега  „Фаб Лаб“ тимот е со повеќе колеги од Машинскиот факутлет. Главната вредност на „Фаб Лаб“ е што го има знаењето за сите овие технологии кои се негуваа долги години на факултетот. 

Во делот на опремата, во „Фаб Лаб“ располагаат со машини, ласери и пет 3Д принтери кои работат на две различни технологии. Од аспект на обработливост на материјали, имаме прилично широк спектар - хартија, картон и полесни метали. Ако некој има идеја може да ја реализира во форма на прототип, кој би можел да се изработи од пластика, дрво, харттија, метал и да се надополни со некакви мехатронички системи за да се реализира посакуваната функција. Во лабораторијата имаат и доста алат што после служи за доработка и финализирање на идејата. Акцентот е за изработка на прототипи и потенцијални идеи кои можат да прераснат во нешто многу поголемо.  

Во текот на 2023 година, потенцијално се планирани повеќе повици за реализација на проекти. Ќе има и термини за бесплатни обуки за користење на технологиите, односно сите машини и софтвери за сите заинтересирани, кои ќе можат да се појават на факултетот на дадените термини и да научат како да дојде од идеја до 3Д модел и подоцна да го произведе со производна технологија.