Фајнанс тинк: Раст на БДП за 13,1 отсто во вториот квартал е резултат на масовната имунизација на населението и нормализацијата на економските текови. Високиот раст во второто тримесечие на 2021 е остварен на ниска споредбена основа од вториот квартал од 2020, во кој пандемијата го изврши првиот и најсилен удар на економијата, забележува Фајнанс тинк во најновиот макроекономски извештај. „Неизвесноста во економијата повторно се зголеми во третиот квартал од 2021 со четвртиот бран од пандемијата“, заклучува Finance Think.
Фајнанс тинк: Раст на БДП за 13,1 отсто во вториот квартал е резултат на масовната имунизација
– Иако се очекува дека оследните валдини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот ќе имаат ограничен неповолен ефект врз економијата, сепак неизвесностите кај најпогодените дејности се сé уште нагласени, велат од „Finance Think“.
„Според дејности, ударот пред една година беше најсилен врз трговијата, сместувањето и послужувањето храна, и транспортот, како резултат на што и растот во вториот квартал од годинава е најголем во овие дејности, 46 отсто. Растот кај останатите дејности е значајно помал, со исклучок на индустријата, која порасна за 11,4 проценти. Овој раст може да се поврзе со растот на бруто инвестициите, извозот и увозот, што во голема мера е воден од интензивираните активности на извозните капацитети во ТИРЗ-овите, кои искусија огромни падови пред една година, но сега го реализираат потенцијалот за брз излез од кризата“, се вели во заклучоците на извештајот.
Олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот во вториот квартал, заедно со продолжените ефекти од владините мерки за поддршка на доходот на граѓаните, го објаснуваат растот на приватната потрошувачка, 12.9 отсто. Додека, растот на јавната потрошувачка од 2.9 проценти, е генерално на патеката на консолидација по големата експанзија во 2020.
Неизвесноста се зголемува во третиот квартал
„Невработеноста во првиот квартал од 2021 минимално се намали. Во вториот квартал од годинава падот на невработеноста е значајно забавен, како резултат на враќањето на пасивизираното население на пазарот на труд. Сепак, во вториот квартал, евидентно е губењето работни места во преработувачката индустрија (околу 4,000 во однос на К1-2021), транспортот (3,500) и хотели и ресторани (1,000), што укажува дека растот на додадената вредност во најпогодените дејности не е проследен со креирање работни места“, заклучува Фајнанс тинк.
Неизвесноста во економијата повторно се зголеми во третиот квартал од 2021 со четвртиот бран од пандемијата. Иако се очекува дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од август 2021 ќе имаат ограничен неповолен ефект врз економијата, сепак неизвесностите кај најпогодените дејности се сé уште нагласени. Finance Think ја задржува проекцијата за растот на БДП во 2021 на 4.1отсто.