Филијалите на Сбербанк во регионот купени од локалните банки -Најголемата руска банка Сбербанк го напушта европскиот пазар откако нејзините подружници се соочија со голем одлив на пари поради санкциите.

Филијалите на Сбербанк во регионот купени од локалните банки

Според информациите што ги пренесуваат европките медиуми, од Банката соопштиле дека не се во можност да обезбедат ликвидност на подружниците, но дека нејзиното ниво на капитал е доволно за да ги исплати сите штедачи.

„Сите Сбербанки во ЕУ се прогласени за несолвентни, а супервизорите го презедоа управувањето, па банката или беше ликвидирана или продадена на некои други банки“, се вели во извештајот од Европската централна банка .

Инаку, првично ЕУ одобри да исклучат седум руски банки од платежниот систем Свифт, вклучувајќи ја ВТБ банка, но на листата не беше најголемата, Сбербанк. Освен Сбербак на листата ја немаше ниту Газпромбанк, која се смета за трета по големина заемодавач во Русија, која е тесно поврзана со енергетскиот сектор.

НЛБ ја купува Сбербанк во Словенија


Нова Љубљанска банка (НЛБ) даде понуда да ја преземе филијалата на Сбербанк во Словенија,  објавија медиумите, а официјалната потврда на банката и регулаторот се уште се чека.

Цената за преземањето на словенечката филијала на Сбербанк која ја дава НЛБ не е позната, но најверојатно станува збор за попуст за итна продажба во случај на неволја, јавуваат словенечките медиуми.

Клиентите на Сбербанк Словенија немаат пристап до нејзините услуги од понеделник наутро, а плаќањата и повлекувањата се максимизирани до среда во износ од 400 евра дневно.

Инаку, сите филијали на Сбербанк од утре би можеле повторно да започнат со работа нормално без ограничувања за околу 45 илјади клиенти на таа банка и нема да биде потребно да се активира гарантната шема која на инвеститорите им гарантира депозити до сто илјади евра во случај на ликвидација на таа банка.

АСА банка ја купи Сбербанк во БиХ


АСА банка ја презеде Сбербанк БХ во Федерацијата БиХ. Ова официјално го соопшти директорот на Агенцијата за банкарство на ФБиХ, Јасмин Махмузиќ.

„По објавувањето на санкциите, Агенцијата за банкарство на ФБиХ презеде активности предвидени со закон. Од 1 март 2022 година, финализиран е моделот за трајно издавање на работењето на Sberbank BH од Sberbank Europe AG на домашната компанија ASA Finance dd Sarajevo “, рече тој.

Директорот на Федералната банкарска агенција рече дека планот е донесен врз основа на расположливите податоци, и понудата поднесена од АСА финансии.

„Моделот обезбедува сигурност во работењето на банката преку пренос на сопственоста и моделот за континуирано зајакнување на банката. Банката ќе работи во рамките на Групацијата АСА, а мнозински сопственик на банката ќе биде домашната компанија АСА Фајнанс“, додаде тој.

Махмузиќ вели дека вредноста на банката била одредена со договорот што Сбербанк го склучила пред санкциите и таа вредност е под знак прашалник, како и вредноста на банката по се што се случило.

Акциите на Сбербанк Србија преминаа во сопственост на АИК банка


АИК банка стана сопственик на Сбербанк Србија. Народната банка и АИК банка склучија договор за стекнување на акции на Сбербанк. Претходно, НБС, со оглед на новите околности во бизнисот на актуелниот акционер во ЕУ, донесе одлука за реструктуирање на Сбербанк Србија.

Трансакциски пренос на акции на Сбербанк Србија а.д. Белград во сопственост на АИК банка е направена денеска,  пренесува Танјуг по изјава од Народната банка на Србија,.

Централната банка соопшти дека Агроиндустриската и трговската банка АИК банка а.д. Белград склучиле договор со НБС за стекнување на акции на Сбербанк Србија а.д. Белград, врз основа на кој ќе стекне 100- процентна сопственоста во таа банка.

Со оваа промена Сбербанк Србија престанува да биде дел од банкарската групација на чело со „Сбербанк Европа АГ Виена“ во Австрија и станува дел од српската домашната банкарска групација.
АИК банка , како што стои во соопштението, на тој начин ќе го зголеми својот пазарен потенцијал во Србија на девет отсто и со вредноста на својата нова билансна актива ќе биде една од најзначајните банки во Србија.

Купувањето на Сбербанк е дел од планираната стратегија за раст. На ова му претходеше купување на банка во Словенија, со што АИК банка стана првата српска банка што работи во Европската унија.