На листата на 100 најмоќни жени во 2025 година од американското списание Форбс, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е на првото место.

На второто место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, на третото е премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, која е и првата жена на таа позиција.
Италијанската премиерка, Џорџо Мелони е на четвртото место, а мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум е на петтото место.
Меѓу првите 10 се извршната директорка на Џенерал Моторс, Марија Бара, и извршната директорка на технолошката компанија Сити, Џејн Фрејзер.
Списанието во топ 100 најмоќни жени ги вклучи извршната потпретседателка и финансиска директорка на компанијата Мајкрософт, Ејми Худ, генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, претседателката и оперативна директорка на компанијата SpaceX, Гвин Шотвел. Тука се и поп-пејачката Тејлор Свифт, министерката за финансии и корпоративни работи на Индија, Нирмау Ситараман…
На листата се наоѓаат и хероините од анимираната серија, ко-продуцирана од Netflix и Sony, KPop Demon Hunters. Серијата е прегледана повеќе од 325 милиони пати до декември и е најпопуларниот производ на стриминг платформата.
Листата, која се објавува по 22-ри пат, е направена врз основа на четири главни критериуми - пари, медиуми, влијание и сфера на влијание. На листата се вклучени жени од областите на политиката, финансиите, медиумите, забавата, претприемништвото, како и 17 имиња кои претходно не биле таму.