На 12. октомври (вторник, во 19 часот) во престижната Рудиќ Галерија, ќе бидат изложени 30 црно-бели фотографии на познатиот хрватски фотограф Станко Абаџиќ.


- Ќе ни биде задоволство да дојдете и да уживате во фотографиите и во разговорот со авторот кој ќе биде присутен на отворањето. Заинтересираните ќе можат да купат фотографија или книгата „Актови“ - велат од Рудиќ Галерија.


Станко Абаџиќ е роден во 1952 година во Вуковар. Дипломирал германистика и работел како дописник во „Вјесник“ од Вуковар. Периодот од 1995 до 2002 година престојувал во Чешка, каде што работел како слободен фотограф. Имал самостојни изложби во 16 европски земји, Аргентина, Јапонија, Америка и Русија. Неговите фотографии може да се најдат во бројни збирки во Европа, Хрватска и Америка.


Член е на ХДЛУ (Хрватско друштво на ликовни уметници) Загреб, Хрватскиот сојуз на самостојни уметници и на фотоклубот Загреб. Живее и работи во Загреб.Застапен е во збирки и во приватни колекции. Неговото портфолиото е објавено во списанијата:

Black and White - САД, Schwarzweiss – Германија, Fotoforum - Германија, Photoeye – Бугарија, Fotografie Magazin – Чешка, Photoart Magazin – Чешка, Fotomag – Хрватска, Oris – Хрватска, Livingston – Хрватска, Photo - Романија, Refoto – Србија, IZ – Турција, Photo Art International – Франција, Polka - Франција.