На почетокот на оваа година (2022) директорот на „Националните енергетски ресурси“, Бајрам Реџепи, за Анторис, изјави дека Макекдонија ќе се гасифицираме во наредните четири години. Тој тогаш изјави дека

во тој временски рок многу индустриски објекти, институции, домаќинства ќе можат да се приклучат и да користат природен гас, поевтин енергенс. Овааа државна институција (НЕР) ја спроведува изградбата на преносната гасоводна мрежа низ земјава и договорите за поврзување на мрежата со другите мрежи што водат до изворите на гасот.

Со оглед на настанатите политички и економски услови што го потресуваат светот, побаравме нови видувања за процесот на изградба на основната гасоводна мрежа од г. Реџепи.   

 

 

·        Дали со украинската криза е нарушен планот за реализација на македонската гасификација?

·        Не. Апсолутно не е нарушено. Секако дека одредени рокови, се поместуваат, одредени планови се менуваат, но секако дека тоа што е планирано ќе се реализира.

·        НЕР ја спроведува изградбата на преносната гасоводна мрежа низ земјава и договорите за поврзување на мрежата со другите мрежи што водат до изворите на гасот. До каде е изградбата на преносната мрежа за природен гас?

·        Градбата завршува во трите лота што се во тек на градба. Наредните недели планираме да се заваруваат последните цевки на делницата Неготино – Битола. И на делницата Скопје – Тетово – Гостивар, се градат последните километри во реонот на Скопје. Од Глумово до Гостивар градбата е завршена целосно. Има неколку проблемтаични парцели што ја одолговлекуваат градбата и мора да чекаме одлуки од судовите, од Управата за имотно правни работи, од Министерство за земјоделие итн.

·        До каде се активностите за изградбата на интерконективниот гасовод со Р.Грција, што веројатно ќе значи продолжување на гасната врска Азербејџан, Турција, Бугарија, Грција кон Македонија?

·        Сега сме во завршна фаза за да се објави повикот за ангажирање надзорен орган и за градба. Маркет-тестот за закуп на капацитети, објабен од страна на грчкиот оператор за пренос ДЕСФА, заврши. Ние дадовме понуда и очекуваме дека Регулаторната комисија на Р.Грција ќе го евалуира како услешен. Очекуваме дека во текот на ноември ќе имаме и одобрение за градба за оваа делница од страна на Министерство за транспорт и врски. Значи ги правиме последните чекори до почеток на градбата.

·        Дали се обезбедени средствата според договорот за грант од WBIF, во вредност од 10 милиони евра, од договорот за заем со ЕИБ, и со ЕБОР?

·        Да. Со WBIF , и со ЕИБ , веќе се потпишани договорите. Преговорите со ЕБОР се во финална фаза и секако дека очекуваме дека ќе бидат успешно завршени.

·        Граѓаните голема надеж полагаат во скорешната достапност на гасот за домашна употреба, до каде се протега таа временска проекција?

·        Тоа зависи од изгрдбатра на дистрибутивната мрежа во државата. Постапката за јавно приватно партнерство, за проектирање, финансирање, изградба и одржување на дистрибутивната мрежа за природен е гас е во финална фаза. Завршува конкурентниот дијалог и се прават сите напори оваа постапка да заврши што е можно побрзо. Секако дека некои рокови се поместени од објективни причини, но јас се надевам дека тоа ќе заврши многу скоро и конечно да се почне проектирање и изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас. Тоа е клучниот фактор за граѓаните конечно да имаат пристап за користење на природниот гас во своите домови, исто како и индустријата.  

·        До каде е изградбата на вториот интерконектор со Бугарија, меѓу Струмица и Петрич?

·        Прво треба да се направи физибилити студија. Тоа го договараме со нашите колеги од „Булгартрансгас“ и секако дека планираме оваа студија да почне наредна година. Студијата треба да ги даде одговорите за капацитетот, за временската рамка, како и за многу други прашања за овој интерконективен гасовод.

·        Владата на Косово најави дека нема да го гради интерконективниот гасовод со Македонија. Како го коментирате тоа и која е причината ? Дали тоа ќе има последици  за нас?

·        Ние официјално немаме добиено ништо од страна на владата на Р. Косово. Последното е дека тие одбраа една од варијантите што беа предложени во физибилити студијата и со тоа може да се затвори оваа студија. Многу скоро оваа студија ќе биде објавена за јавна дебата. Во неколку разговори што сме ги имале, тие се двоумат дали е паметно да се инвестира во гасниот сектор кога Европска Унија планира по 2050 година да го тргне од употреба користењето на фосилни горива. Но, тоа за нас нема да има последици што ќе влијаат на текот на овој проект.

Во меѓу време Српската влада изразува се поголем интерес за да се забрзаат постапките за изградба на интерконекторот помеѓу нашата и српската мрежа за пренос. И ние секако дека сме заинтересирани изградбата на овој интерконектор да се заврши што побргу.