Fine Dine with Macedonian Wine се случи синоќа (3. октомври) во угостителскиот објект Д Хаус во рамките на неделните настани популарни како гастрономски искуства и дегустации на храна и пијалаци организирани од Винопедиа. Уште едно пријатно гастрономско доживување со традиционални специјалитети од врвни готвачи во комбинација со селектирани македонски вина и пијалаци, кои ќе се документираат и ќе се најдат на винската мапа и страниците на првата македонска винска енциклопедија „Винопедиа“. Поаѓајќи од целта за  документирање на што повеќе информации за потребите на винската енциклопедија, секој вторник до Нова година во Д Хаус ќе се презентираат вината и пијалаците на бројни винарии кои ќе се дегустираат паралелно со вкусни специјалитети, јадења кои се соодветен прилог на претставениот пијалак.  

Кулинарска перфекција или гастрономска уметност

Во рамки на синоќешниот настан Fine Dine with Macedonian Wine беа презентирани пијалаците од семејната дестилерија Traikovsky, wines & spirits. Билјана Трајковска раскажа: – ние сме една од првите семејни, мали дестилерии кои се појавија 2007 на пазарот. Главен производ на нашата дестилерија е Трајковски вињак- бренди што е пандан на француските коњаци или како што ја споредуваат љубителите на жестоки пијалаци со Курвазје (Courvoisier V.S. )

Дестилеријата се наоѓа на Кожуф планина од кавадаречка страна на 40 километри од градот во атарот на село Крњево, еколошки чисто, со умерена температура, без многу жешки денови што дозволува да вадиме ароматични вина.

Дестилацијата ја правиме на традиционален начин во бакарни казани, како што некогаш се правело и се ѐ по рецепти како во 1922 година.  

Ракијата под брендот Traikovsky, синоќа се дегустираше со соодветен прилог, со што посебно дојде до израз нејзината автентичност е произведена на традиционален начин. Таа, како што објасни Билјана, е   добиена со дестилација на шест сорти на грозје кои се дестилираат од вино со што се добива многу почист производ како бурбон. И уште една карактеристика, ракијата е три години зреена во кичевски дабови буриња.

Со специјален десерт, Билјана го презентираше и второ чедо од нивната дестилерија, од родот на вињак, бренди, нешто од типот на коњак – лајт бренди, објаснувајќи дека секој пијалак што е создаден на база на грозје е бренди...- ако се направи вино од грозјето и веднаш се дестилира виното се добива вињак... Вињакот Traikovsky е  добиен со двојна дестилација, три години старее во француски даб и е од 12 различни сорти на грозје што му дава посебен вкус.

Инаку, оваа семејна винарија е претежно извозно ориентирана. Извезуваат ракија во Америка, Холандија, Хрватска, Австралија, а од наредниот месец на американскиот пазар ќе биде присутен и вињакот. Додека во Македонија, вињакот и ракијата Traikovsky можат да се најдат во сите специјализирани продавници за алкохол и онлајн продажба.

Покрај овие пијалаци, на синоќешниот Fine Dine with Macedonian Wine беше послужено и дегустирано и розе виното на релативно младата велешка винарија Old School Winery и црвено вино од Д Хаус.

Ова е една од низата хедонистички fine dine вечери кои во организација на Винопедија ќе се организираат секој вторник во Д Хаус. Мотивација за организирање на ваквите настани претставува самиот факт што едно поглавје на Винопедиа обработува т.н. сомелиерски совети на спарување на храна со вина. Овие искуства се реализираат во живо со цел да се направат идеални комбинации на домашни македонски модерни рецепти и национални и традиционални светски јадења со македонски селектирани и премиум вина документирајќи и обезбедувајќи оригинални искуства, слики и видео материјали за потребите на енциклопедијата. 

Fine Dine во организација на Винопедиа 

Fine Dine претставува уникатна, неповторлива формална вечера и искуство на гастрономска уметност создадена и послужена на лице место подготвена од искусни и врвни готвачи.

Тоа е хедонистичко и гастрономско доживување проследено со визуелно консумирање на повеќе видови јадења како прилог што со својот вкус одговара и ги поттикнува специјалните миризливи ноти, благи, остри, суви и впечатливи за соодветниот пијалак. Вкусови, кои на гостинот му даваат повеќе од обичен оброк, незаборавно гастрономско патување и авантура запознавајќи ги вештините на уметност и креативност на познати и врвни готвачи заедно со винските приказни на послужените вина. 

„Fine Dine менијата се составени од повеќе типови јадења кои можат да бидат од четири сервирања (course) па до најголемата позната екстремност од 21 сервирање. Нашите Fine Dine вечери се комбинација од пет сервирања и тоа: почеток со закуска - мезе, прво ладно предјадење, второ топло предјадење, главно јадење и десерт. Сите сервирања и јадења внимателно се спаруваат со соодветни македонски пијалаци и вина со цел комбинацијата на уметноста на вкусовите да се доведе до совршенство,“ вели Здравко Јосифовски, иницијатор и организатор за подготовката на „Винопедиа“.

Уште еднаш да потсетиме, VINOPEDIA претставува единствена македонска винска енциклопедија која има задача да биде референтен извор на информации за винската индустрија за Македонија и македонските територии на Балканот достапна онлајн и во печатено издание! 

Тимот на професори на VINOPEDIA од повеќе образовни универзитетски институци на едно место ја документира, архивира и промовира богатата културна ризница на винската култура и традиција низ историјата на Македонија. Исто така обезбедува консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и актуелни информации со детални описи на различни аспекти на винската индустрија од сорти на винова лоза до техники и технологи за одгледување, преку различни нивоа на производствени процеси за вино до начини, традиции и адети на конзумирање на вино.

Бројот на популарно наречените хедонисти, вински етузијасти и љубители на вино учествуваат и допринесуваат да се развива оваа понуда на комбинации од храна и вино со што Скопје со својата туристичка понуда се позиционира со останатите светски метрополи во град препознаен и по својата уникатна и специфична гастрономска уметност.