„General Motors“ oд 2035 година ќе произведува само електрични автомобили. Најголемиот американски производител на автомобили, General Motors, објави дека од 2035 година ќе продава исклучиво автомобили, џипови и лесни камиони со нула издувни гасови.

„General Motors“ oд 2035 година ќе произведува само електрични автомобили

Компанијата исто така планира да стане јаглеродно неутрална до 2040 година, а драматичниот пресврт беше најавен по една недела од преземањето на функцијата на  новото претседателство. Тоа вети дека ќе се бори против емисиите на стакленички гасови и ќе ја зголеми продажбата на електрични возила.

Геберал Моторс минатата година на матичниот пазар продаде 2,55 милиони возила, но само 20 000 од нив биле електрични. Во ноември минатата година од компанијата најавија инвестиција од 27 милијарди американски долари во електрични и автономни возила во следните пет години. Иако првично, пред пандемијата за истата намена биле планирани 20 милијарди американски долари.

Извршната директорка на GM, Мери Бара, агресивно ја охрабри компанијата да се сврти кон електрични возила и да се оддалечи од бензинот. GM, во соработка со еколошкото здружение ЕДФ, креира „визија за целосно електрична иднина“ и сака да ја елиминира емисијата на штетни гасови од лесните камиони до 2035 година,“ објави Бара во соопштението.

Електричните камионети- клучни за иднината со нулта емисии


Според претседателот на General Motors, Mark Reuss електричните камиони се основа за светот со нула емисија на штетни гасови. Тој вели:

-Вработените во ГМ го ставаат клиентот во центарот на сè што правиме. Тоа е една од најважните вредности на оваа компанија и главен фактор во остварувањето на нашата визија за целосно електрична иднина. Имавме многу возбудливи вести во 2020 година - и нашите најави за производи продолжуваат да ја надополнуваат технологијата за која напорно работевме од лансирањето на Chevy Bolt EV.

Ја започнавме годината дебитирајќи со едно од нашите најочекувани возила,  GMC HUMMER EV. Нашата реклама го потенцира вртежниот момент и коњските сили кои ги следат очите, меѓу многуте причини за кои веруваме дека електричните камиони ќе бидат вистински белег за напредок кон свет со нула емисии.

Нашата цел ќе биде производство на електрични камионет што се специфични како и нивните возачи - клиентите ќе изберат електричен камионет бидејќи тоа е најдобрата опција за работа преку една недела или добар викенд. Тие ќе ги изненадат нашите скептици и ќе ги израдуваат нашите клиенти. Ако не сте биле во ЕВ или ако сте скептични дека не можат да бидат толку забавни или да работат напорно како денешните возила, дајте ни шанса да докажеме дека не сте во право.

Не само еден пикап, туку возило и пакет за секого


Нашите електрични камионети ќе го променат она што луѓето мислеа дека го знаат за ЕВ - и сè што знаат за Хамери. GMC HUMMER EV е нашиот прв влез, но нема да биде сам долго. Ние ќе понудиме не само еден пикап, туку повеќе модели со повеќе варијанти, за повеќе клиенти - возило и пакет за секого.

Овие производи ќе произлезат од нашите талентирани, посветени вработени и некои од најдобрите ЕВ-технологии во светот:

- високо напредни батерии развиени во нашата Лабораторија за батерии Battery Lab in Warren, Michigan;

-батерија-електрична шасија што обезбедува оптимален опсег, возење и ракување и

- нашата нова дигитална платформа за возила што обезбедува ширина на опсег и поврзување за поддршка на најсофистицираните електрични погонски системи и системите за активна безбедност GMC Hummer EV.

Овие заедно со повеќе други модели ќе се прават во нашиот роден град во нашата фабрика за монтажа Detroit-Hamtramck, за што вложуваме околу 2,2 милијарди долари.

Овие технологии ќе бидат целосно прикажани наскоро, кога нашите ЕВ возила ќе започнат да се шират преку нашите застапништва низ целиот свет.

Уверен сум дека нашата стратегија за електрични возила е неспоредлива во индустријата, во смисла на нашата комбинација на напредна технологија, флексибилност, брзина и растојание. Ние знаеме што сакаат и очекуваат клиентите и сме подобро позиционирани од кој било друг да им го дадеме ЕВ-то што им одговара најдобро“, нагласи Reuss.

https://www.youtube.com/watch?v=MjMhZKmHKGk

Прикажано е симулирано возило. Реалниот модел на производство може да варира. Првична достапност Есен 2021 година.

_______________________________________________________________

Инаку , Генерал моторс како и другите големи производители на автомобили минатата година застанаа на странта на тогашниот претседател, кој се соочи со тужба за планираното укинување на стандардите за емисија на штетни гасови до 2026 година. Но, во ноември,лани Гнерал моторс сепак се повлече од тој правен спор, во кој исто така застана на страната на претседателскиот кабинет, поддржувајќи ги неговите напори да забрани Калифорнија да воведува регулативи за емисии самостојно.