Распределбата на инвестициите има за цел да пронајде комбинација помеѓу разни инвестициски опции кои на крај ќе бидат најпогодни за инвеститорот во конкретна ситуација. Кои се инвестициските цели, потоа временскиот хоризонт и спремноста за преземање ризик се битни фактори за кои е неопходно да се земат во предвид.
Распределбата на инвестициите главно зависи од тоа кои цели сакаме да ги постигнеме. Дали штедиме за долгорочни цели како што се купување недвижен имот, образование на деца или за пензионирање? Или за краткорочни цели како на пример купување автомобил или реновирање на домот?
„Водиме различен начин на живот имаме различни желби и потреби се разликуваме и по начинот на штедење. Подмирете ги трошоците за тековните месечни обврски и потреби или за некои поголеми планирани инвестиции и износот што ви останува може да го намените за долгорочни заштеди. Дефинирајте го износот, со тоа ја поставувате вашата инвестициска цел. Дефинирајте го и временскиот хоризонт на штедење бидејќи тоа ќе влијае на вашата изложеност на ризик на тоа каде да вложувате“, вели Даниела Ајтова Шатанова, инвестициски советник во „Генерали инвестментс“.
Временскиот хоризонт е периодот за кој се проценува дека на луѓето нема да им бидат потребни заштедите за планирани тековни или еднократни трошоци. Доколку овој период е релативно краток, портфолиото е поконзервативно. Но, кога се говори за подолг временски хоризонт, портфолиото може да биде поагресивно и треба да вклучува капитални инвестиции.
Како што велат од „Генерали инвестментс“, следна важна компонента е ризикот. При утврдувањето на способноста за преземање ризик, се земаат во предвид вкупните средства, нивото и сигурноста на приходите, возраста, здравјето… Секој има различна емоционална реакција на наглите промени во вредноста на портфолиото. Некои инвеститори не можат да спијат ноќе поради силните флуктуации на берзата, на кои акциите им одговараат само во помала мера и покрај, на пример, долгорочните инвестициски цели. Кај таквите инвеститори, со превисока изложеност на акции, може да се случи да се исплашат во случај на големи корекции на берзата и панично да ги продаваат акциите токму во најлош момент. Од друга страна, постојат и авантуристи кои се целосно имуни и лесно можат да ги издржат пресвртите на берзите. Кога станува збор за соодветна инвестициска структура, пред се мора да се има на ум точниот однос помеѓу акциите, обврзниците и готовинските инвестиции. Дополнително, кога се прават поединечни инвестиции, не смее да се заборави на дисперзијата на средствата во различни земји, региони или индустрии.
Луѓето по природа се емотивни. Тоа е добро во секојдневниот живот, но може да биде катастрофално на берзата. Инвеститорите кои носат одлуки врз основа на емоции сигурно ќе имаат потпросечни долгорочни приноси. Меѓутоа, ако како инвеститори се вложуваат средства според финансискиот профил, тогаш ќе биде многу полесно да се движат низ периоди на прекумерна еуфорија отколку во страв. Според „Генерали инвестментс“, обично најдобро е дел од берзанските инвестиции да се претворат во помалку ризични инвестиции по период на висок раст на берзанските цени и обратно по високите берзански падови.
Иако можеби не изгледа очигледно, берзата го допре дното набргу по почетокот на рецесијата, а со порастот на цените што следи за остатокот од рецесијата, се укажува на посветла економска иднина. Значи, рецесијата е генерално одлично време за инвестирање во акциски фондови.
„Генерали инвестментс“ управува со 4 инвестициски фондови кои овозможуваат да избор на идеална стратегија за вложување. Бесплатното советување на компанијата трае до крајот на декември, без влезни провизии.