-Нова германска инвестиција, но не во автомиобилската индустрија туку  во производство на батерии и на текстил. Компанијата „БМЗ груп“ планира производство на батерии за велосипеди, мопеди, земјоделски и други помали индустриски машини. Се работи за браунфилд инвестиција, затоа што на компанијата и се брза да започне со производство, и ќе ги смести производните машини во постоечки објект, а паралелно ќе инвестира во изградба на сопствен погон. Најавена е уште една инвестиција во текстилната индустрија.“ Ова е одговорот од Антје Ванделт, новата директорка на АХК во Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство на прашањето од Анторис, дали новите германски инвеститори се повторно од автомобилската индустрија. 

Антје Ванделт, нова директорка на АХК во Македонија

Ванделт зборувајќи за идните клучни поенти за нејзиниот ангажман во Македонија, на првата средба со медиумите посочи дека ќе работи на подобро позиционирање на македонските компании во европскиот синџир на снабдување од една страна и  втора работа македонското индустриско производство да не биде фокусирано само на извоз од автомобилската индустрија, како што е сега во најголем дел, туку да се прошири и во друг тип на  индустрија.

Исто така, таа посочи дека една од нејзините клучни водилки е образованието - знаете дека сме основачи на дуално стручно образование по германски стандарди. Имаме два образовни профили, механтроничар и индустриски техничар и овие се од клучно значење за глобалниот сибнџир на добавувачи. Само со таков стручен кадар инвеститорите можат да ги постигнат стандардите на квалитетот што ги бараат европските купувачи. Тука имаме голем број на   партнери, но сакаме да се прошири во повеќе компании,“ нагласи Ванделт.

И трет аспект, на кој планира да се фокусира новата директорка е одржливоста во производните процеси- значи матриксот на зелена енергија, потоа менаџирањето на отпад, исто така и ефикасно користење на природните ресурси како водата и енергијата. Но, според неа не  помалку важно е што сака да работи со соодветни организации во јакнењето на улогата на жената во стопанството.

Во односна тоа што  Германија бележи пад на производството два квартали по ред и од завчера официјално е во рецесија, според Ванделт, тоа нема да влијае негативно врз трговската размена со Македонија и воопшто на македонската економија. Техничката рецесија, според неа е „производ на намалената приватна потрошувачка, што не е случај само со Германија“.  Дека тоа нема влијание на трговската размена меѓу двете земји го наведе фактот што и во услови на пандемија и настаните со Украина трговската размена меѓу Германија и Македонија е на ново рекордно ниво. Имено таа лани е зголемена на 4,8 милијарди евра  во однос на 2020, кога  трговската размена помеѓу  двете земји изнесувала 3,9 милијарди евра.

Особено ја радува фактот дека за овие две недели откако е овде во Македонија, постојано добиваат повици од германски компании што се интересираат за деловната клима во земјава и можностите за инвестиции.

За проблемот со недостиг на стручни кадри, вели дека се чувствува секаде. -Кога бев во Латинска Америка, тамошните стручњаци заминуваа во САД, исто како што македонските, но и други работници заминуваат во Германија. Не е работата во тоа колкав е бројот на работници на кој можеме да се потпреме, туку колку тие се квалификувани. Треба да се инвестира во образованието и во професии за кои пазарот на труд има потреба. Треба да биде и јасно дека квалификуваните работници треба да бидат и добро платени – смета новата директорка на АХК.

Ванделт претходно ја претставувала германската комора во Латинска Америка и во Русија. Нејзиниот став е дека македонските работници не треба да заминуваат во странство, туку да вложуваат во своето стручно знаење.