Германија започнува со производство на синтетички бензин и дизел. Германија е еден од клучевите за европската енергетска (во) стабилност. Долгорочното потпирање на евтината руска нафта и гас создаде зависност што е тешко да се искорени, а тоа е јасно особено во време на криза и војна, како што е случајот со Украина. Големата германска економија се храни со гас и нафта од исток, па во овој контекст треба да се сфати и политиката кон Русија. Меѓутоа, сега е јасно дека парадигмите треба да се променат, но за новите енергетски политики е потребно време.

Синтетичките горива сè уште се ретки и екстремно скапи и до неодамна беа излез единствено за компании од типот на Порше, кои бараа начин да ги одржат во живот своите скапи спортски автомобили како  моделот 911, во време кога во Европа ќе се бараат нула емисии.

Сегашната ситуација може да ги приближи синтетичките горива до сите возачи како замена за дизелот добиен од нафта и бензин. Повисокото производство значи и пад на цените, пишува ХАК Магазин.

Интересна група претставува eFuel Alliance (Алијансата за е-гориво) која е убедена во следното сценарио - ако развојот на индустријата за синтетички горива започне во Германија сега, тогаш првите количини по пристапни цени ќе бидат достапни веќе во 2025 година.

Синтетичките горива би можеле да заменат дури 70 отсто од рускиот увоз на  сурова нафта до 2030. години. Синтетичките горива или eGoriva се произведуваат од обновлива енергија, CO2 и вода. Тие можат да го заменат бензинот и дизелот и можат да се користат во сите автомобили со мотори со внатрешно согорување. Тие обезбедуваат нула емисии за време на согорувањето.

Алијансата eFuel е интересна група посветена на индустриското производство на синтетички горива од обновливи извори на енергија. Меѓу 174-те членки кои ја сочинуваат ова група се и: Siemens Energy, Bosch, Mazda и ADAC. Целта на иницијативата е да се препознаат синтетичките горива како придонес за заштита на климата.

Што се синтетички горива?


Синтетички горива се сите оние кои не се добиваат со екстракција од земја или екстракција од шкрилци, туку се добиваат хемиски.

Како што е вообичаено, технологијата за производство на синтетички горива не е нова и постои од почетокот на 20 век, но многу евтиното производство на горива од сурова нафта го направи ова производство неисплатливо.

Германците интензивно го користеле во Втората светска војна кога произведувале гориво со помош на јаглен и водород откако останале без залихи на сурова нафта.

Бидејќи сите фосилни горива се јаглеводороди, односно различни соединенија на јаглерод и водород (природен гас CH4, бензин C8H18, дизел C16H34), можно е да се добијат со комбинирање на јаглерод и водород во соодветни комбинации.

Тоа е процес кој е обратен од согорувањето, CO2 од воздухот (или јаглеродниот атом во него) се комбинира со водород и создава јаглеводород (гориво), чие согорување го враќа истиот CO2 во атмосферата, така што нема да има зголемување на неговиот износ.