И покрај македонскиот рекорд за Гинис кој веќе се воспсотави лани, сепак, организаторите како настан одлучија да продолжи да се случува. Бидејќи е неопходен. Од една страна на пазарот, каде му требаат доволно стартпапи - мали и до пет години високо иновативни идеи, но, од друга страна и за инвеститорите кои ќе ги поддржат малите стартапи и ќе вложат во нивните бизниси. Технички, мора да бидат присутни и двете страни. Дополнително, како што вели Тања Митревска, основач на „Нетворкер“, настанот останува да биде добро вмрежување помеѓу двете страни. 

Кој се може да учествува? 

„Од страна на стартапите, може да учествува секој кој има идеја. Не мора да има основано компанија, може да е сам или да има тим, не е ограничувачки фактор. Но, кој смета дека неговата идеја е иновативна и може да аплицира за инвестиција до 30 000 евра. Потоа, оваа година ги отвораме пошироко вратите и за оние кои имаат основано компанија или некакво демо до 300 000 евра, за некој поразвиен стартап до 1 милион евра. Годинава имаме и над еден милион евра инвестиции поддржани од странски партнери и инвестициски фондови, од кои на чело е амерички „500 Global“ кој досега во многу наврати има вложувано. Тие ќе бидат рамо до рамо со нашите инвеститори и стартапи да ги слушаат идеите“, вели Митревска.  

Според неа, се повеќе се чувствува дека има голем интерес пред се од онаа помала генерација за претприемништво. Тие одлучуваат да започнат свој бизнис дури и во студентските денови. Минатата година, од вкупно 60 стартап идеи, најстариот победник беше 26 години, додека сите сите други беа студенти. Оваа година, пак, има и студенти пријавено да ги презентираат своите идеи. 

„Верувам дека во оваа наша мала држава напредокот е во мали бизниси и иновации, бидејќи за во стартап светот не ви треба голема инвесстиција. На почеток за да изградите нешто што утре ќе направи големи промени во светски рамки и имаме такви примери дома кај нас“, вели Митревска.  

Нејзиниот став е дека сепак постои инвестициски јаз.  

„Наједноставно е да одлучи некој да инвестира во бизнис кој самиот има бизнис и тие корпоративни инвестиори или фирма кои наместо средствата да ги вложуваат во банка или барем 5 насто би го диверзифицирале ризикот и да вложат во нешто независно од нив 100 000 евра да поделат на 5 стартапи многу ќе значат. А од тие 5 стартапи барем еден ќе биде успешен. Може и повеќе и тој ќе ги врати парите. Од нашето постоење до сега, сме биле во контакт со неколку успешни стартапи, на пример „Хавицер“, тоа значи во многу рана фаза, за помалку од година дена постоење, успеаја да добијат инвестиција од 500 000 евра. Сега се спремаат за инвестиција од 5 милиони евра. Го имаме „Air Care“ што туку доби инвестиција од Германија. Не постои финансиски инструмент кој може да порасне толку колку стартпапот. Да, ризичен е, но, ако се распределат внимателно средствата - се исплати, бидејќи на рок од 10 години ќе направите средства кои ниедна каматна стпка нема да ги врати и најзначајно правите импакт во општеството“, објаснува Митревска. 

Настанот ќе се одржи во близина на ФИНКИ. Исклучително важно е и тие што немаат бизнис идеја да бидат присутни на настанот, за да го добијат овој начин на размислување. 

„Ние во секојдневиоето сме оптоварени со тешки вести, но, Македонија како регион имаме најголем број на претприемачки по глава на жител. Стравот од неуспех е загуба помала ако пробте со еден нов бизнис да го тестирате пазарот и да го однесете надвор од Македонија“, децидна е Митревска.  

Минатата година, стартап презентациите траеја континуирано 30 часови и 2 минути со што Македонија влезе во книгата на Гинисовиот рекорд.