Признанието „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“од реномираниот магазин Global Finance е уште една потврда дека создаваме вредности за клиентите, економијата, општеството, акционерите и вработените.

Оваа награда не е само резултат на силните финансиски резултати на Комерцијална банка, туку и на долгорочната посветеност на градењето стратегија на Банката за одговорно, професионално и иновативно банкарство. Банката веќе 70 години гради имиџ којшто стана препознатлив за потребите на клиентите, создавајќи ефикасни и корисни производи и услуги.
Фактот дека ова признание доаѓа од реномирана меѓународна институција, која врз основа на утврдени критериуми ги издвојува банките што демонстрираат иновации, одговорност и финансиска стабилност, нѐ прави уште повеќе горди затоа што Комерцијална банка по 14-ти пат е прогласена за „Најдобра банка во Македонија“.
„Ова признание е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат. Нашата мисија е да создаваме вредности за клиентите, општеството, акционерите и нашите вработени. Ќе продолжиме со уште поголем ентузијазам да инвестираме во нови решенија и подобро корисничко искуство“, велат од Комерцијална банка.
И, додаваат дека во исто време ги обврзува да останат посветени на подобрување на корисничкото искуство, дигитална трансформација и на воведување нови решенија кои одговараат на современите очекувања.
„Полесно е заедно да стигнеме до секоја цел кога се движиме со ист чекор“, нагласуваат од банката.
Global Finance секоја година прави избор на најдобрите финансиски институции во светот. Наградата ја доделува врз основа на јасни критериуми како што се иновативноста, стабилноста, квалитетот на услугите и пазарната позиција.