Glovo го презема брендот Donesi во Србија, БиХ и Црна Гора. Glovo, како една од водечките платформи за достава во светот, објави низа одделни договори за аквизиција со Delivery Hero Group. Компанија која е препознатлив бренд за испорака во светот, а преку неа Glovo ќе преземат некои компаниски групи во Централна и Источна Европа (СИЕ).
Glovo го презема брендот Donesi во Србија, БиХ и Црна Гора
Аквизицијата опфаќа седум земји во регионот
Трансакциите се очекува да бидат финализирани во следните неколку недели. Тоа зависи од исполнувањето на претходно договорените услови, но и од релевантните регулаторни одобренија.
Аквизицијата ќе опфати седум земји во регионот каде што работи „Delivery Hero“. Односно гиопфаќа Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Glovo на тој начин ќе го купи брендот Foodpanda во Романија и Бугарија. Потоа, брендот Donesi во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и брендот Pauza во Хрватска
Во посебен договор, Glovo неодамна објави дека е постигнат договор и за аквизиција на Ehrana, локална платформа за испорака од Словенија, без да се обелодени вредноста на трансакцијата. Трансакцијата се очекува да биде готова во следните неколку месеци. Глово во моментов тесно соработува со Ehrana во насока на дефинирање на стратегија за транзиција за корисниците, партнерите и куририте, пренесуваат балканските медиуми.
Вкупната вредност на аквизициите е 170 милиони евра
Извршниот директор и коосновач на Glovo, Оскар Пјер за ширењето на компанијата на овие простори, вели:
„Фокусирањето на пазарите каде што гледаме јасни можности за лидерство и градење на одржлив бизнис отсекогаш беше срж на нашата долгорочна стратегија. Централна и Источна Европа се многу важен дел од тој план. Регионот навистина ги прифати платформите за испорака. Поради тоа сме многу возбудени. А покрај тоа ја зајакнуваме нашата позиција и ги зголемуваме нашите операции во земјите кои продолжуваат да покажуваат огромен потенцијал за раст “.
Според Никлас Остберг, извршен директор и ко-основач на Delivery Hero, компанијата изградила јасна водечка деловна активност во регионот на Балканот во последните неколку години. Сепак, имајќи во предвид многу други оперативни приоритети, верува дека Глово е во подобра позиција да продолжи да го развива неверојатното искуство за нашите клиенти во овој регион “.