Говорот на телото е клучен дел од комуникацијата. За тоа како можете да го подобрите вашиот говор на телото можете да ги користите советите на Керол Кинси Гоман  (Carol Kinsey Goman), доктор по деловна комуникација. Таа е меѓународен говорник чии ангажирани и високо практични програми се дизајнирани да имаат непосредно влијание врз професионалниот живот на луѓето.

 

10 совети за помоќен говор на телото

1. За да ја зголемите вашата самодоверба, заземете „моќна поза“

Истражувањето на Харвард и Колумбија покажува дека отвореното, „моќно“ држење (на пример, кога се потпирате на стол, ги ставате рацете зад главата и нозете на маса или стоите со раширени раце и нозе) може за само две минути да го зголеми нивото на тестостерон - хормон кој е поврзан со моќ и доминација - и го намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот.

Пробајте го ова кога се чувствувате несигурни и сакате да оставите впечаток на самодоверба. Покрај тоа што влијае на нивото на вашиот хормон, оваа поза го зголемува субјективното чувство на моќ и отпорност на ризик. Студијата исто така открива дека на луѓето им е битен нивниот впечаток (чувството) за вас,  отколку она што го зборувате.

2. За да го зголемите ангажманот, слушајте ги луѓето

Ако сакате луѓето слободно да го кажат своето мислење, не правете ништо додека зборуваат. Избегнувајте да гледате во вашиот мобилен телефон, часовник или да гледате наоколу. Фокусирајте се на говорникот; свртете ги главата и торзото кон нив и одржувајте контакт со очите. Можете исто така малку да се наведнете напред и да кимнете со главата за да покажете дека сте заинтересирани и внимателни. Важно е да се слушаат луѓето. Но, исто толку важно е да знаат дека ги слушате.

3. За да ја поттикнете соработката, отстранете ги границите

Физичките бариери често се фатални за соработката. Отстранете сѐ што ви го блокира погледот кон остатокот од тимот. Дури и на пауза за кафе, внимавајте да не се оградувате од другите држејќи ја шолјата на таков начин што ќе го блокирате контактот со другите. Еден директор рече дека може да процени колку неговиот тим се чувствува удобно според висината на држење на  нивната шолја кафе. Колку поединците се понесигурни, толку повеќе ќе ја држат шолја кафе. На луѓето им е поудобно кога чашата ја држат во висина на половината отколку во висина на градите.

4. За да се поврзете со некого, подадете му рака

Допирот е најосновниот и најмоќниот невербален знак. Допирот на раката, дланката или рамото создава врска во дел од секундата. На работното место допирот и топлината се создаваат со ракување, бидејќи ваквиот контакт создава долготраен впечаток. Студијата за ракување покажа дека на луѓето им е двојно полесно да се сетат на некого ако се ракуваат со него. Истражувачите откриле дека луѓето се однесуваат поотворено и попријателски кон луѓето со кои се ракувале.

5. За да поттикнете добри чувства, насмејте се

Искрената насмевка не само што го поттикнува вашето задоволство, туку со неа им давате до знаење на другите дека сте пристапни, сигурни и подготвени за соработка. Искрената насмевка доаѓа полека, ги подзатворат очите (нецелосно), го осветлува вашето лице и полека исчезнува. Што е уште поважно, насмевката директно влијае на перцепцијата на другите луѓе: кога некому ќе се насмеете, тој речиси секогаш ќе ви возврати со насмевка. А, бидејќи изразите на лицето поттикнуваат чувства, повратната насмевка позитивно ја менува емоционалната состојба на другата личност.

6. За да покажете дека се согласувате со некого, копирајте го неговиот говор на телото и изразот

Кога клиентите и деловните партнери несвесно го имитираат вашиот говор на телото, тие покажуваат дека се согласуваат со вас. Кога свесно имитирате туѓо однесување, можете да создадете поврзаност и реципроцитет. Пресликувањето започнува со набљудување на изразот на лицето и телото на другите луѓе, а потоа суптилно копирање на изрази и држење на телото. Така другата личност ќе почувствува дека ја разбирате и прифаќате.

7. Користете ги рацете за да го подобрите говорот

Сликите на мозокот покажаа дека дел од мозокот наречен област Брока (која е важна при говорот) е исто така активна кога ги користиме рацете. Бидејќи гестовите на рацете се поврзани со говорот, тие исто така можат да ни помогнат да го подобриме нашиот процес на размислување.

Кога директорите вградуваат гестови со рацете во нивниот говор, содржината на нивниот говор исто така се подобрува. Пробајте ја оваа едноставна, но моќна техника и ќе имате појасни мисли и поконцизни реченици.

8. За да ја откриете вистината, набљудувајте ги туѓите стапала

Кога луѓето учат да го контролираат говорот на телото, тие првенствено се фокусираат на изразите на лицето, држењето на телото и движењата на рацете. Но, бидејќи заборавиле на нозете и стапалата, таму често се гледа нивната несигурност. Луѓето под стрес често ќе покажуваат нервоза и вознемиреност со движењата на стапалата. Нозете ќе им се тресат, ќе се грчат и ќе се кријат зад мебелот. Истражувањата покажуваат дека набљудувачите најдобро можат да ја проценат емоционалната состојба на говорникот кога ќе го видат целото негово тело. Можеби не сте свесни за тоа, но и инстинктивно ги набљудувате движењата на стапалата.

9. За да звучите убедливо, не се дерете

Пред да зборувате или да остварите некој важен повик, опуштете го гласот за да се спушти на оптимално ниво, така што со затворена уста ќе ги испуштате звуците „умм хм, хм хм, хм хм...“ ако сте жена, внимавајте да не го повишите  гласот на крајот од реченицата, бидејќи звучи како да барате одобрение. Кога искажувате мислење, најубедливо ќе звучите ако започнете со еден тон, малку кренете го гласот во текот на реченицата и повторно спуштете го на крајот од реченицата.

10. За да ја подобрите меморијата, не прекрстувајте ги нозете и рацете

Алан и Барбара Пис го истражувале говорот на телото и откриле нешто неочекувано: Кога волонтерите оделе на предавање со скрстени раце и нозе, се сеќавале 38 отсто помалку од оние кои имале отворен говор на телото. Не ги прекрстувајте рацете и нозете ако сакате да го зголемите вниманието. Ако вашите слушатели покажуваат одбранбен говор на телото, сменете ја тактиката; направете пауза или замолете ги да се движат - и не обидувајте се да ги убедите во ништо, додека не покажат отворено држење на телото.

Ако ги следите овие десет едноставни и моќни совети, ќе го подобрите говорот на телото и невербалната комуникација на работа.