16 годишно искуство како графички дизајнер, од кои 13 години е дел од маркетинг агенцијата „Идеа плус“. Своето богато портфолио Ана Тодоровска го „билдала“ и во печатница, во графичко студио, илустратор. Воедно, автор е и на проектот „Сувенири од Скопје“ кој го гледа како нејголем во нејзината кариера, кој веќе петта година успешно функционира. Иако, на исто рамниште го става и авторството во дизајнот на медалите за Скопскиот маратон. 

За да стигне до тука, вели дека иако завршила Педагошки факултет, за речиси девет месеци ја променила професијата во сферата на графичкиот дизајн, благодарение на неформалното образование.  

„Креативноста е нешто што се поттикнува, се вежба, се негува и развива. Кративноста ја врзуваат со визуелните уметности, што е погрешно. Креативноста се развива со посетување изложби, барање инсипирациј,а следење на туѓи примери, читање, константна едукација, следење на трендови. Не треба да знаете да цртате за да бидете графички дизајнер, има такви примери на луѓе кои се одлични дизајнери. Илустрацијата многу ретко ја користам во графичкиот дизајн, бидејќи тоа се две различни области. Графичкиот дизајн повеќе ми се наоѓа особено кога преминавме на дигитални илустрации. Полесно се снаоѓам во софтверите, бидејќи го владеам графичкиот дизајн. Илустрацијата ретко ми се наоѓа во графичкиот дизајн. Цртањето го користам за правење скици. Некои дизајнери го прескокунуваат и преминуваат кон дизајнирање“, вели Тодоровска. 

Нејзината теза е дека графичкиот дизајн е најважна споредна работа во светот. Го дефинира како спојување на елементи во естетски добра и функционална целина со која сакаме да пренесеме одредена порака.  

„За да бидете добар графички дизајнер, вие треба да бидете мостот помеѓу клиентот - односно оној кој сака да го продаде или промовира производот и таргетот - односно консументот на производот. Мора да ги одиграте и двете улоги - еднаш да бидете клиент, всушност да видите што сакате да и потенцирате на таргет групата и вториот пат да се ставите во улога на купувач и потребно е да се размислуа во насока што е она кое ќе ми го задржи вниманието. Тоа се многу битни елементи во процесот на дизајнирање. На тој начин се добива производ од кој и двете страни ќе бидат задоволни. За да бидете добар графички дијзанер подразбира учење и стекнување искуство. За да имате добро графичко решение, потребни се алатки, идеја и акција да го реализирате. Креативниот процес започнува со брифирање со добивање на насока за тоа што треба да се испорача на клиентот. Потоа треба да направите истражување на пазарот и конкуренцијата локално за да знаете во која насока да се движите. Треба да барате инспирација, идеја, проверка на идејата на мала таргет група, скицирање и реализација“, вели Тодоровска. 

Покрај работата во „Идеа плус“, како најголеми предизвици го кариерата ги смета личниот проект „Сувенири од Скопје“ кој го започнала сама и без финансии. Но, и изработката на медалите за „Виз Ер скопскиот маратон“, со кој соработува од 2018 година. 

„Скопскиот маратон е сам по себе предизвик, бидејќи таму има огромна публика. Треба да се трудите на секој еден што ќе го добие медалот да му се допаѓа. Очекувате реакција од публиката како ќе помине. Нашиот тим кој учествува веќе неколку години во креативните решенија за маратонот, најмногу во дизајнирањето на маиците и медалите, но и во сите останати креативи“, вели Тодоровска.