Викторија Дамчевска е експерт во областа на човечките ресурси со повеќе од пет годишно работно искуство во македонски и интернационали компании. Моментално, работи на позицијата Head of People Operations во ИТ компанијата „ГрабИТ“. Својот кариерен пат го квалификува како невообичаен. Тоа е затоа што нејзините додипломски студии се во областа на италијанскиот јазик и книжевност. По дипломирањето, работела во компанија од комуникацискиот сектор. И тоа на позицијата агент за грижа на клиентите, справувајќи се со повици, мејлови и најразлични барања. Во текот на работењето, била вклучена и во процесот на селекција и интервјуирање на помлади агенти.

„Тука открив страст и желба за човечките ресурси. Почнав да истражувам да читам. Психологијата е нешто што ме интересирала отсекогаш. Но, ми недостигаше солидна теоретска основа, надградба и формално оразование. Започнав магистерски студии на отсекот Човечки ресурси и менаџмент на Филозофскиот фалкултет. Имав среќа имав да ја добијам стипендијата „Борис Трајковски“ на Универзитетот Шефилд и таму ги продолжив студиите. Паралелно, имав можност со текот на студиите да ја почнам кариерата во HR“, се сеќава Дамчевска.  

Во тој период, работела во две компании, со што имала можност да започне со регрутација и селекција на кадри во најразличен вид - од функционална или техничка природа, од аспект на позициите. Во последните три години, работи во компанијата „ГрапИТ“ Освен на регрутација на кадри, работи и планирање, перформанси на компанијата. Односно, она што се нарекува Full Stuck HR.

„Нешто што е најважно за еден професионалец во областа на човечките ресурси е емпатијата. Емпатијата е важна да се изгради во својата HR позиција. Емоционалната интелигенција е важна за секој лидер и да биде добар менаџер на своето работно место. Треба да биде способен да ги разбере чувствата на останатите, на колегите и вработените. Да може да им помогне да си ја работат добро својата работа. Со тек на годините се менуваме и се градиме како професионалци. Секој професионалец има нов развоен план. Сака да се гради на дополнителни полиња, сака да развие дополнителни вештини. Тука  HR-от служи како медијатор кој тоа треба да го овозможи. Без оглед дали е советодавна улога или да биде логистичка поддршка, како би можеле вработените да се изградат уште повеќе“, смета Дамчевска.

Според неа, секоја политика во компанијата може уште повеќе да се оптимизира. Тоа е улогата на HR-от да го најде тој пат. Односно, да ги олесни практиките во компанијата. Пазарот постојано се менува и потребно е прилагодување со цел да се биде попривличен за кадрите што компанијата сака да го регрутира. Паралелно, потребно е и постојано следење на динамиката на пазарот. За оние кои имаат поразличен бекграунд од областа на човечките ресурси, треба да бидат спремни да го надградат своето неформално или формално образование. Како и да е, процесот на учење треба постојано да се надградува, бидејќи се менуваат пракситете на функционирање.

„Некој може да биде совршен професионалец во една професија, но, не и во друга професија. Потребно е човек за оваа работа да има интегритет. Бидејќи во текот на работата, треба да се донесуваат одлуки кои не се популарни или нема да се допаднат на колегите, треба да бидете спремни да одговорите на предизвикот. Да направите се’ што во ваша можност, за утре да се погледнете во огледало и да немате грижа на совест“, смета Дамчевска.

Како што вели Дамчевска, паричната надокната не може да биде единствената мотивација за некој да стане HR професионалец. За тоа, треба да постојат и внатрешни мотиватори. Бидејќи експерт во областа на човечките ресурси не е позиција со осум часовно работно време. Понекогаш, работата се носи дома и затоа треба да се доживува како „вистински повик“.

Нејзината порака е дека „професионалците во делот на човечките ресурси имаат стратешка улога за компаниите, бидејќи учествуваат во градењето на стратегијата на една компанија“.