Хрватска отвора село за дигиталните номади, засега пристигнале апликации од 15 земји. Првото село за дигитални номади во Хрватска се отвора на 10 октомври во рамките на задарскиот туристички комплекс Falkensteiner Hotels & Resorts, во организација на платформата за среднорочно сместување „grabAhome“.

Како што објави „Пословни дневник“, ова е можност туристичката компанија да ги пополни своите капацитети вон сезона, поради што ова село засега ќе биде отворено до 31 март.

Хрватска отвора село за дигиталните номади

„Ова е прв проект од ваков вид во Хрватска и сигурно ќе го отвори патот за некои нови, долгорочни“, рече Марио Мркша, ко-основач и извршен директор на платформата „grabAhome“, а исто така и администратор на 7.000 члена Фејсбук група за дигитални номади во Хрватска.

Враќање на интересот


Веќе е познато дека многу дигитални номади, луѓе кои можат да работат и да заработат пари од кој било дел од светот, се заинтересирани да живеат во Хрватска. Тој интерес делумно опадна за време на пандемијата, но сега се враќа.

„Нивниот најголем проблем е да најдат конкретно место коешто ќе им ја обезбеди целата содржина што им е потребна. Така, како платформа за среднорочно сместување, ние се посветивме најмногу на студентите и дигиталните номади, кои најчесто се информирани за можностите во Хрватска преку споменатата група на Фејсбук. Оваа активност ја реализираме заедно со Редит и некои специјализирани форуми “, објаснува Марио Мркша. Така настана соработката со групата Фалкенштајнер, која и минатата година имала некои понуди за продолжено сместување.

Изнајмувањето на засебна мобилна куќа чини 359 евра неделно


„Добредојдениот домашен амбиент што Фалкенштајнер им го нуди на своите гости е идеално прилагоден за дигиталните номади: приватност, тераса, сонце, море, борова шума, близина до градот.

Првичната понудата е договорена за 20 подвижни куќарки и 20 парцели. За социјализација, вмрежување и состаноци, постои колективен простор достапен во соработка со Funimation Borik и бесплатна сала. Дополнителни активности што им се нудат во сместувањето се СПА, теретана, ресторани, услуга за перење.

Посебна карактеристика - концептот coliving


Посебна карактеристика во ова село, ќе биде концептот за споделување куќи со цимери, а минималниот престој на гостинот е 15 до 30 дена. Мркша објаснува дека на гостите ќе им бидена располагање и водач на заедницата задолжен за добчек и организирање содржини и настани. Моментно се работи и на дополнителна соработка со други партнери во Задар со цел да се обезбедат дополнителни капацитети за гостите.

Цените на услугата ќе варираат во зависност од должината на престојот. А, бидејќи номадите имаат пристап до мобилни домови со повеќе соби, во моментов е дефинирано дека сместувањето во една соба ќе се наплатува по 130 евра неделно, додека седумдневно изнајмување на целата куќа ќе чини 359 евра.

Понудата излезе минатата среда и до петокот веќе беа евидентирани 21 апликација од 15 земји, што Мркша го смета за одличен одговор. Доаѓаат гости од целиот свет - повеќето апликации се од САД, но има и Британци, Германци, Полјаци, Италијанци. Еден гостин е од Нигерија, има од Израел, Малезија, Канада.

Најмладиот има 23 години, најстариот 61. Марио Мркша вели дека засега не размислуваат за соработка со други хотелски компании, бидејќи сакаат да се посветат на Задар и да развијат што е можно подобар концепт.

„Но, нашата цел е да го популаризираме овој концепт меѓу разни даватели на услуги, локалните заедници, да се вклучат и да се понудат што е можно повеќе места на дигиталните номади“, заклучува тој.