Една горчина изгледа помала ако ја замени друга, поголема. Така мачнината од скопските спомемници и грдите фасади, што ги нервираат вистинските естети и вистинските скопски граѓани, е потисната од ценовните шокови што го загрозија не само комодитетот на животот, туку буквално самиот опстанок, што создадоа главоболки и барање начин како да се перживее, па така речиси и да се заборави грижата за убавината на главниот град, кој, од еден од најубавите во Југославија, стана најгрд, а Европа (Гардијан) го прогласи за европска престолнина на кочот. Многумина паметни луѓе од регионот предупредуваат во своите средини „да не им се случи нешто лошо како што му се случи на Скопје“ и тераат мајтап што допира до нашата национална гордост, односно до понижување што ни го нанесоа тие што го упропастија градот во секоја смисла, во урбанистичка, архитектонска, комунална, еколошка, инфраструктурна, демографска и во се друго.
Могу ретко некој во јавните гласила ќе се појави за да ја анализира ваквата состојба на главниот град, но тој разговор публиката го доживува веќе како анахрон, зашто таа иста профана публика кај нас има кратко памтење, многу брзо се адаптира на лошото, го прифаќа како судбина, а антиестетите и тие што не виделе убави градови продолжуваат да се гордеат со тој кич.
Ретко веќе кој го дига погледот за уште еднаш да ги види тие мрачни сивила што потсетуваат на повоените градби во источниот социјалистички блок. Всушност, стиловите се тотално измешани. По првичната идеја дека преку квази барокот ќе сведочат за некој наш славен поранешен идентитет, останаа, така, недовршени, недефинирани, на кои никој не им ја знае судбината, односно иднината. Дали ќе бидат довршени, или отстранети, дали ќе бидат вратени во првобитната состојба, кој треба да ги доврши, има ли пари? Дали државата, која ги наследи овие лудила што никој не ги бараше, од која ставка? Дилемата е огромна, дали новиот состав на власта ќе се осмели да креира буџетска ставка за довршување на лудилото, во кое се фрлија во ветер безмалку милијрада евра, не донесоа никаков профит, а, што е најтрагично, стиропорот нагло се распаѓа, па добиваме ужасни слики пред нашиот поглед. Во оваа ситуација и најголемите бранители на проектот „Скопје 2014“ немаат веќе никакви аргументи.
Од друга страна никој не одговараше за самоволието кое, без широка дебата на експертите, без согласност на архитектите и урбанистие, насилно му накалеми на градот диво стебло, кое никогаш немало почва да заживее, особно не во правецот што го фати модерната архитектура на Скопје по земјотресот. Така, тие објекти, кои во бившата Југославија беа карактеристика на Скопје, како Новиот театар (МОБ) зградата на Владата, на МАНУ, најубавиот кеј на Вардар, се затскрија или се маскираа со некакви старовремски ситлови, па тие сега не се ни гедаат.
Особено се минимизира Гратскиот трговски центар (ГТЦ) кој едвај куртули од барокизација, со заеднички протест на граѓаните и со неговото гушкање. Тој се загуби и го изгуби своето значење и од архитектонски и од економски аспект и со градбата на голем број „молови“ кои не нудат ништо во својата содржина и најчесто се празни со високи цени на стоката и прашање е како можат да издржат да ги покријат трошоците.
Самиот центар, убавиот, традиционалниот, романтичниот, зелениот, носталгичниот плоштад, се претвоти во камен од никому непотренбинот хотел Мериот, воинот на коњ, преку триумфалната капија, до грдиот споменик правен според слика од АСНОМ и сите други кои во своите раце држат оружје, што е контара од мирољубиви пораки.
Најтрагично е што оваа тема, кој како сака нека рече, се заборави, нема никогаш да се отвори, на куп ќе останат спомениците и фасадите, никој веќе нема илузија дека ќе може да ужива во убавината на градот, бидејќи тој не е убав, никој веќе нема да ужива во прошетките на кејот, секогаш ќе ја удира главата од мостовите што го поклопија Камениот Мост што беше марка на градот, а сега се губи во ѓубрето во реката и на околината.
Тој што требаше да ја заврши оваа работа, да врати барем дел од изгубената убанина – ја пропушти шансата.