Криптовалутите во светот, моментално преживуваат голгота. имаат проблем и крпто берзите. Капиталот се сели и бега од крипто пазарите. Во 2008 година, по започнувањето на финансиската криза во САД, Сатоши Накамото, идејниот непознат творец на виртуелната валута, дистрибуираше документ, чија суштина предвидуваше дека централните банки ќе прејдат кон процес на печатење на валута, односно средствата кои се изгубени ќе ги заменат со нова ликвидност.
Накамото кажа дека губи доверба во централните банки и нуди активно решение во биткоинот како чувар на вредност кој ќе биде резистентен на инфлаторните предизвици кои очекува да се појават во наредните години. А со тоа, ќе биде заштита и обезбедување на капиталот на инвеститорите. Така почна приказната за биткоинот.

Осврнувајќи се на историјата на биткоинот, Бојан Цветановски, претседател на Извршниот одбор на Асоцијацијата на финансиските пазари и раководител на сектор во НЛБ Банка АД Скопје, посочува дека банките во тоа време, имаа ниски каматни стапки, но, инфлација во следните 10 години не се појави. Цветановски се враќа на историјата како се движеше цената на биткоинот од 2008 до денеска.
„Цената на биткоинот на почетокот беше ниска. Ветувањето на Никамото не можеше да биде тестирано. немавме висока инфлација, таа не се појави. Цената на биткоинот живуркаше, започнувајќи од 90 центи. Првиот предизвик доаѓа во 2018 година и тука започнува шпицот. Со појавата на инфлацијата во САД, тоа траеше година и пол до две години. Пикот беше 3%. ФЕД започна да ги зголемува каматните стапки до 2,5%. Се покажа дека таа инфлација е транзиторна. Потоа, започна короната, ФЕД повторно ги пресече каматните стапки и со тоа цената на биткоиот падна. Првиот тест го помина позитивно. Со појавата на инфлацијата цената на биткоинот расте. Неговата цена порасна драстично од 3 000 на 20 000 долари. За време на короната, ФЕД повторно ги скрати каматните стапки, цената на биткоинот падна. Следен предизвик е на почетокот на 2021 година кога почна да се појавува инфлацијата. Веќе во мај месец во САД надмина 5%. ФЕД најави дека ќе започне да ги крати фондовите за откуп на хартии од вредност, привремено како прва мерка и тука гледаме дека биткоинот започнува да расте со солидно темпо. Во следниот период до крајот на 2021 година во номевмри доживеа 60 000 долари за 1 биткоин“, вели Цветановски.

Но, како што посочува, набрзо се ближи пресврт и промена на трендот. Зголемувањето на каматните стапки доби глобална димензија. Не започна само ФЕД да ги зголемува, туку и останатите централни банки.
„Имавме координирана акција на зголемување на каматните стапки и зголемување на цената на електричната енергија и тоа рапидно. Blockchain технологиајта, во нејзиното функционирање се користат големи колечства на електрична енергија и во самиот процес на контробиурање трансакции потрошувачката е огромна. Се троши струја колку што една помала држава троши. Овој фактор ги исплаши биткоин копачите или инвеститорите за иднината на биткоинот и неговата рентабилност и ги преалоцираа средства во обврзниците, кои повторно стануваат прималиви. Дел од инвеститорите избегаа загрижени од иднината на биткоинот и доведе до негов акцелерирачки пад. Крипто пазарот полека се напушта“, смета Цветановски.
Според него, сега се случува обратен процес - инвеститорите очекуваа да бидат заштитени од инфлацијата, но, се случи сосема спротивното. Моменталните загуби се огромни за крипто инвеститорите. Некои берзи имаат и проблеми на испалта на вложувачите. Како што заклучува Цветановски, тоа е една пирамида, која кога се руши, секогаш исплатата оди многу тешко.